|
BEBICA -> Хиперлактација (19.3.2010 12:58:08)
|
Хиперлактација( зголемено производство на млекото) е ситуација кога вашето тело произведува голема количина на млеко кое излегува брзо и јако, односно тече или прска како од сприц. Бебето во таа ситуација може да се трга од мајката, да се гуши од течењето како од шприц, затоа што не е во состојба да гота така брзо. Бебето мозе да ја одбива дојката да биде вознемирено и гласно да плаче. Кои се причините за хиперлактација? Преактивното производство на млекото најчесто е последица од незрела и нерегулирана продукција на млекото и се регулира за неколку недели. Меѓутоа некои мајки продолжуваат со произведувањето на се повеќе млеко и откако ќе се воспостави правилно произведување на млекото. Некои специјалисти за доење веруваат дека овој проблем, е се повеќе застапен кај некои мајки кои имаат голем број на алвеоли (млечни жлезди) во градите. Просечен број на алвеолите се движи од 100 000 до 300 000 аливеоли во една града, а мајките со хиперактивна лактација најчесто се наоѓаат на самиот врв по бројот на алвеоли. Некој хормонален дисбаланс и лекови можат да ја зголемат продукцијата на млекото. Што да се прави? Пред секој подој, рачно или со пумпица измолзете се толку колку да се успори дотокот на млекото. Секогаш ако се може се препорачува рачно да се измолзувате него на пумпица. За да му поногнете на бебето, за да може да излезе на крај со големото количество на млеко, се препорачува да ја менувате положбата при доење. Ако нормално доите во легната положба, пробајте бебето да го држите во седецка позиција и да го доите или во полуседечка позиција. Можете да доите во полулежечка позиција на тој начи сто главата на бебето да биде над градата,а не испод неа, пошто на тој начин кога главата на бебето е над градата грвитацијата го успорува млекото. Се мисли на течењето на млекото. Доите го бебето кога и да посака да цица со таа разлика што во рок од 2 саата секогаш понудетему ја истата града а другата само малку измолзетеја толку колку да се намали притисокот во неа. Оваа техника би требало да го реши проблемот во рок од 24 до 48 часа. Запомнете, како и кај секој проблем при доењетои во овј случај моше да пројде недела дена додека се види ефектот. Во меѓувреме сватите дека тоа што вашето бебе неможе да се избори со големиот млаз на млекотот, не значи дека ве одбива вас. Дали хиперлактацијата има штетно дејство над бебето? Со хиперлактацијата мозе само потешко са се дои бебето, но не може да има штетно дејство. Добрата вест е што вашето тело произведува доволно млеко, кое е неопходно за вашето бебе. Извор Поради тоа што јас ваков проблем имав сакав на најдобар начин да го поделам со вас.
|
|
|
|