RE: слабеење (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Слабеење



Порака


lide78 -> RE: слабеење (4.6.2009 13:48:36)

dietava na UN e navistina isprobana i ne zaboravajte 1 voden den vo mesecot.isto taka spored Dajmond hranata vo organizmot treba da se vnesuva vo tekot na 8 casa(pojadok vo 12,rucek vo 15 i vecera najdocna do 20 casot) i narednite 16 casa da ne se vnesuva hrana,duri ni ovosje.




mis. -> RE: слабеење (4.6.2009 13:58:04)

Lide а да ни кажеш како одат тие диетите имам околу 10 јас не сум запознаена а би сакала да пробам некоја откако ќе престанам да дојам имам околу 10 кг вишок кој му треба нека се јави кај мене.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




lide78 -> RE: слабеење (4.6.2009 14:27:45)

ja ima na forumov,odi nazad vo 27 ili 28 poraka ..




mila -> RE: слабеење (4.6.2009 14:31:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: fibimk

Zelen caj kupecki...obicen,filter...Ima antioksidansi i se preporacuva da se pie za slabeenje,za namaluvanje na celulit.....Cel istok go pie.....zatoa se site vitki i mladoliki.....ste videle debel kinez ili japonec?Jas ne [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Inaku UN e:
sekoj den dorucek e:ovosje samo edna vrsta.....2 jabolka,krusi i slicno
1 den:proteinski:rucek i vesera:Meso so salata.....za rucek plus supa bez testenini.
2 den:jaglen hidrat:grav,kompir,leka,grasok,oriz so salata
3 den:skroben:pecivo za rucek...za vecera parse torta ili kolacinja 2-3
4 den :ovosje cel den.
Dietata se drzi 90 dena.Dorucekot e ist sekogas.Ednas mesecno posle ovosen den se drzi voden den(voda,sokovi),pa se prodolzuva so proteinskiot!Kilazata pocnuva da se simnuva polse 10 dena......
Dosta e efikasna......malku ovosnite denovi s epoteski...ama duri se naviknes.....
'

Eve ja dietata UN[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]SO SREKA ZA SITE KOI KE JA DRZAT I DA PISETE KAKO E




mami -> RE: слабеење (4.6.2009 15:05:43)

јас од Јуле ке земам 5 и еве би купила уште 5 кила одма...кој има за продавање кажете си[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




hristijana -> RE: слабеење (5.6.2009 0:49:54)

dali ste piele turbo slang  tableti na  bozen kozmetik?ako e da, dali ste zadovolni i dali se stetni tabletite?




Еца -> RE: слабеење (5.6.2009 9:11:40)

Христијана, јас не сум пиела, но знам луѓе, мои блиски и машки и женски кои пиеле и воопшто не се задоволни, затоа што ќе ослабат додека ги пијат, но по нивно прекратување, страшно брзо ја враќаат тежината и тоа повеќе. Јас сум пиела јаворов сируп, сум држела триста диети и ништо, ништо од тоа само стресови на организмот, додека сама не си поставив што и како да јадам и успеав. Затоа немој да се оптеретуваш со такви работи, туку потруди се да си направиш твој режим на исхрана, што всушност значи диета, движи се почесто, ако не можеш да спотруваш и верувај резултати ќе има.Сега е летот пред нас, ќе имаме овошје во изобилие, зеленчук, најдобро време да се добие посакуваната тежина. Три оброци дневно, се обавезни, јади умерено, не се прејадувај, но не се откажувај од ништо, само е потребна правилна комбинација на исхраната(еве ке се потрудам  со нутиционист да напишам еден текст за правилна комбинација)па на сите да ни биде полесно околу тоа, внесувај многу овошје и зеленчук и многу вода (баредм 2 л минимум) И нормално многу движење.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




Еца -> RE: слабеење (3.7.2009 10:45:40)

Целулитот е еден од најголемите естетски проблеми со кои се соочуваат голем број жени. Повеќето жените веруваат дека од целулитот можат да се ослободат со диета и вежбање, но вистината е дека тоа се само превентивни мерки кои не помагаат доколку целулитот веќе постои, предупредуваат стручњаците.

Целулитот е појава со која се соочуваат преку 80 проценти од женската популација, а станува збор за масни клетки во подрачјето на бедрата, колковите, надлактиците, задникот и нозете. Појавата на целулит може да биде предизвикана од различни фактори, кои можат да бидат генетски, но и поврзани со цела низа други фактори како што се бременоста, хормоналните пореметувања, дебелината, пушењето и алкохолот.

Некои стручњаци тврдат дека многу потешко ќе се ослободите од целулитот доколку редовно и упорно вежбате бидејќи така целулитот се врзува за мускулите и станува помалку видлив, но и понатаму е присутен.

Од друга страна пак таканаречениот мек целулит е визулено многу погрд, но од него полесно можете да се ослободите со помош на соодветен пилинг, антицелулитна крема и лесни домашни вежби.   

При борбата против целулитот со помош на препарати на база на кофеин и цитрус кои ги тонизираат мускулите, навистина е важно да се усвојат и навиките за правилно конзумирање на храна и течности.   

Многу е важно да се пијат по неколку чаши вода на ден, но не премногу затоа што така ќе ја успорите работата на бубрезите. Кафето и алкохолот треба да се избегнуваат, а исто така и животинските масти.   

Многу е важно да се избегнува и пресолена и зачинета храна бидејќи солта ја задржува водата, а тоа предизвикува појава на целулит. Наместо солена храна јадете овошје богато со витамин Ц и калиум бидејќи тие ги отстрануваат токисните од организмот.   

Исто така, многу е важна и секојдневната масажа на деловите зафатени со целулит. Масажата треба да биде лесна бидејќи целулитот е веднаш под кожата и за неговото разбивање нема потреба од груба масажа.   




Anushka -> RE: слабеење (3.7.2009 15:17:08)

Liz Harli ednas izjavila: "mojot dobar izgled se dolzi na toa sto sekogas vo krevet odam gladna".
Na ova dodadete po eden cas fizicka aktivnost x3 sedmicno i ovosje za dorucek  ...  i veruvajte, nisto drugo ne vi treba[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/ribica.gif[/image]




Еца -> RE: слабеење (13.7.2009 16:31:16)

Еве една многу интересна диета

Диета со јогурт
Диетите кои се врз база на јогурт се 2 пати поефикасни од останатите. Тоа е поради делотворноста на калциумот, што овозможува да се изгубат непотребните килограми, а да се задржи мускулната маса.

Применете ја оваа диета и ќе ги видите резултатите:

Прв ден: Веднаш по станување (важи за сите денови) една чаша вода

Појадок: еден филџан чај без шеќер и 300 мл обезмастен јогурт

Ручек: една чинија супа со зеленчук + 300 гр. обезмастен јогурт

Во 17 часот: 300 гр. посен јогурт и овошје по желба - банани, јаболки, јагоди, портокали, цитрони + филџан чај без шеќер

Вечера: супа од зеленчук + 300 ml обезмастен јогурт

Пред спиење (важи за сите денови) - еден филџан чај без шеќер + 3 суви сливи

Втор, трет, четврти и петти ден:

Појадок: 1 филџан чај без шеќер + 300 гр. посен јогурт + интегрални диетални житарки , околу 3 лажици

Ручек: една чинија супа од зеленчук + 300 мл безмастен јогурт, овошје по желба (киви, лубеница, диња)

Во 17 часот: еден филџан чај без шеќер, овошје по желба + 300 мл посен јогурт

Вечера: риба подготвена по желба, зелена салата со една лажичка масло  + чаша сок без шеќер + едно интегрално пециво

Напомена: се губат 3 килограми за пет дена.

Доколку некоја од вас ја проба нека напише дали е делотворна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




katence -> RE: слабеење (13.7.2009 17:32:50)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Katuska

Би сакала да знам дали некој ја држел или слушнал за Аткинсова диета?? Велат била многу ефикасна но малку ме плаши престанувањето на внесување Јаглехидрати во текот на денот.. 


katuska ja imam drzeno atkins diet i posle dve nedeli se otkazav.
prvite dve nedeli duri i voopsto ne se vnesuvaat jaglehidrati,a posle dve nedeli minimalna kolicina i moras da racunas kolku ti e dozvoleno i toa ne se,na primer kompiri,testenini,oriz,blaga i tn nisto ne e dozvoleno vo celata dieta.pod jaglehidrati mozes da izedes nekolku domati,nekoj drug zelencuk i nokoe ovosje samo vo minimalna kolicina.
neumerena kolicina jajca,puter,majonez,kaskaval,pavlaka, meso(samo mora da e samo meso a ne kobasici i tn mesani so dodatoci)i se sto sodrzi mnogu masti i minimalna kolicina jaglehidrati.
tezina se gubi zosto organizmot odi vo ketnoska(ova e imeto mislam)sostojba sto znaci organizmot gi koristi mastite vo teloto za energija .
mora mnogu da se pridrzuvas,zosto ako kasnes barem edno zalce toa sto netreba celiot proces pak treba da go pomines za da dojdes vo taa ketonska sostojba .




haley -> RE: слабеење (13.7.2009 22:29:04)

ЈАс пак си реков во оваа тема не влегувам оти приметив дека сите овие веќе мајки се со практично нула проблеми со килажа..  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Во врска со Аткинс, таа диета е ефикасна иако не е баш супер, зошто не внесуваш воопшто витамини ,минерали и др. соединенија кои ги има во овошјето, зеленчукот..

аткинс диетата се базира на тоа да внесуваш само протеини (беланчевини) значи месо,јајца, млечни производи.. и дозволени ти се дневно 20гр. јаглени хидрати , што би значело малку салата, краставица и сл.   Скоро сите зеленчуци и во мала порција содржат по 20гр и повеќе јаглени хидрати па така треба да си ептен внимателен..  зелената салата и уште неколку така зеленчуци имаат на 100гр доста малку јаглени хидрати и треба само тоа да се конзумира.

Принципот инаку хемиски е едноставен.  Телото/организмот, за да ја складира маста во телото потребен му е инсулин и шеќер.  Инаку можеш да јадеш мрснотија колку сакаш нема ништо да складираш.  Е сега,  ако воопшто не внесуваш шеќер а си внела многу протеини организмот за варење и преработување на истите одлучува да ја топи маснотијата од наслагите кои ги имате.  Ако се држи овој ритам константно,  килограмите маснотија телото ќе ги топи без проблем и навистина се слабее .


Тоа за кое Катенце зборува е кетоза (ketosis) во текот на диетава , а тоа е моментот кога  црниот дроб  маснотијата ја претвара во масни киселини затоа што воопшто нема глугокен(шеќери) во крвта , и ги гори како енергија (значи слабееш)

во тој процес кој се врши во црниот дроб , разлагање на маснотијата создава фаза на кетоза конкретно се појавува молекулата на ацетон и преку урината се исфрлаат доста маснотии а здивот станува грозен.

Факт е дека има број диети кои се барем разновидни , со салати овошје нешто месо  и со нив исто се слабее и мене лично ми се понормални и поздрави.
Од друга страна , со аткинс се постигаат нешто побрзи резултати . Јас лично Аткинсова не можев да ја издржам затоа што мразам месо, јајца не обожавам баш нешто а и секој ден да јадам сирење ми е мачно.
Од друга страна пак да јадам  монотона храна ама да е овошје или зеленчук можам без проблем , значи се зависи од тоа колку лично ќе ви одговара ваква исхрана.





cevlice -> RE: слабеење (13.7.2009 22:49:22)

Ako sakas da skines nekolku kg;  
za dorucek samo ovosje  a, posle 7cas. zaboravi na jadene i malce povise dvizene rezultati  imas za 2nedeli . PROBAJ!








Боцко -> RE: слабеење (13.7.2009 23:02:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: cevlice
Ako sakas da skines nekolku kg;  
za dorucek samo ovosje  a, posle 7cas. zaboravi na jadene i malce povise dvizene rezultati  imas za 2nedeli . PROBAJ!


јас на овој начин, т.е. по дајмонд ослабев 23 кг и веќе 18 години успешно се држам на магичните 69 кг. книгата е „здрави и витки“ од харви и мерилин дајмонд. но, тоа е повеќе систем на исхрана, т.е. начин на живот отколку диета.




garfild -> RE: слабеење (19.7.2009 2:28:47)

Дали некој пробал да слабее со препаратот МЕДОБИЛ?
Јас сакам да го земам,ама бидејќи сум доилка,не сум баш сигурна.Ако имате некакво искуство во врска со препаратов пишете....




Joka -> RE: слабеење (21.7.2009 22:13:30)

Jas otkako prestanav da dojam naglo se zdebeliv i toa za 2 meseca 6 kila i zatoa otidov vo VITA DIET SPA CLUB i tie mi prepisaaa dieta i sega za 1 mesec simnav 7 kila i mislam deka so ovoj rezim na ishrana mnogu se slabee. Koj ima problem so tezinata moze da se zacleni vo ovoj klub i ke ima super rezultati za kratko vreme. I jas mislam deka mlekoto nema vrska so nadoaganje na mlekoto vo gradite, jas probav so se i so boza i so kromid i so pivo nisto ne pomaga ako toa resilo da prestane ke prestane zatoa sto edinstvenite vinovnici za prestanokot na mlekoto se stresot i nervozata i zatoa ne se nervirajte ako sakate poveke da  doite i izmolzuvajte se od samiot pocetok.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]




milijana -> RE: слабеење (1.8.2009 17:28:28)

elena jas ja drzev taa dieta so jogurt i oslabev 2kg za edna nedela.Sega stvarno imam namalen apetit..ne mi se jade..i mislam deka trgnuva rabotata,Pozzz




mami -> RE: слабеење (11.8.2009 9:13:17)

Жените помалку јадат кога се во машко друштво


Жените кои сакаат да го решат проблемот со килограмите треба своите оброци да ги јадат во друштво на мажи бидејќи на тој начин јадат помалку.

Најновото истражување покажа дека жените јадат помалку кога се во друштво на спротивниот пол, било тоа да станува збор за сопруг, момче или пријател. Психолозите открија дека жените нарачуваат помалку порции кога се во машко друштво бидејќи потсвесно ги контролира желбата да стекнат привлечност.

Психолошкото тестирање покажа дека жените кои јадат во друштво на маж најчесто нарачуваат салата, а многу ретко се одлучуваат за месо. Но, кога се во друштво на сопствениот пол, тогаш тие јадат тоа што сакаат и воопшто не размислуваат како изгледаат. Во мешани друштва најчесто бираат нискокалорични оброци, а колку има повеќе мажи во друштвото со тоа нивниот оброк станува посиромашен.

- Научно докажавме дека жените јадат помалку кога се во машко друштво. Најчесто кога излегуваат на состанок во ресторан, нивните мисли се насочени кон тоа како изгледаат и не сакаат да остават погрешен впечаток. Поради тоа тие нарачуваат салата и вино и скоро никогаш не јадат месо. Но, кога тие се со пријателките тогаш се опуштаат и не се оптоваруваат со изгледот, изјави еден британски научник.

Ете ви една интересна статија па пробајте можеби функионира[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




jovanka -> RE: слабеење (29.8.2009 0:38:48)

Sekoj den sum posrekna koga ke vidam deka na vagata kilogramite se topat bez nekoja dijeta. Vo bremenosta se zdebeliv 25 kilogrami a sega po 9 meseci sum dojdena priblizno do ona tezina so koja ja zapocnav bremenosta. Go dojam i jadam ednostavno se sto ke posakam umerena i izbalansirana ishrana. Preporacuvam ovie ubavi denovi da gi iskoristite vo prosetki zatoa sto toa mnogu mene mi pomogna.[sm=bravo.gif]




natasha -> RE: слабеење (27.9.2009 16:20:53)

zelenata glina za vnatresna upotreba ja kupuvaav od Zegin,sekoja vecer stavav po edna lazicka glina koja mora da bide drvena,nikako metal vo casa od mleko stavav voda i ja ostavav da stoi cela nok,utredenta ja piev na gladno srce samo vodata a talogot ne...vnatre imas upastvo kako se pie i kolku vreme smees da ja piese.Bidejki ja prefrlile temava tuka odgovorot se odnesuva na Jasna.




kiki_riki -> RE: слабеење (27.9.2009 17:08:38)

najdobrata dieta koja edinstvena ne e stetna po zdravjeto, a veruvajte isprobana : jadi se ama po malku , obavezno 3 obroka dnevno i plus dve uzinki koi se sostojat od ovosje ili priroden sok

a za mami, iako ova za mene ne odgovara ama najmnogu se debelam od testenini- domasno sukano i malku lutko, se jade dodeka ima vistinska makedonska kujna




profesorica -> RE: слабеење (7.10.2009 14:25:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Jasna

dajte nekoj sovet kako da ja namalam tezinata......
probuvam ama tesko ide mnogu sum strvna hahahahahah



ИЗВОРНА ПОРАКА: natasha

jas koristev zelena glina za pienje i imav dobar efekt,navecer jadev ovesni snegulki so jogurt,i zelencukova salata i oslabev 14kg po poroduvanjeto za 40dena,no sepak da napomenam deka se zavisi od organizmot


ИЗВОРНА ПОРАКА: Jasna

Natasa kazi mi kako se pie zelenata glina i dali taa e posebna glina i od kade mozam da ja nabavam?


ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

еве одговор за зелената глина

http://www.ringeraja.mk/forum/m_17282/mpage_1/key_/tm.htm#17282









profesorica -> RE: слабеење (7.10.2009 14:27:13)

Еве на кој начин мароканците се справуваат со вишокот килограми и тоа на многу успешен начин.

Оброкот секогаш почнува со салата.

И тоа не една, туку неколку видови салата. За да ѝ додадат вкус и арома го ставаат останатиот сок од печениот зеленчук, лимон или зачини. Замислете, дури и тие прават шопска салата, само што во неа додаваат малку оцет и маслиново масло.

Оброкот завршува со овошје.

Вечерата обично им завршува со голем сад овошје на масата. Грозје, смокви, круши… Два плода се доволно за секој човек.

Слатките работи се мали.

Како и кај нас, и мароканците ставаат шеќер во чајот или во кафето и јадат десерти, но, тоа не ги прави дебели. Тајната е во количината. Кога велиме мал колач по оброкот – тоа значи навистина мал.

Заборавете на храната што ја сакаат младите.

Никакви бургери, пилешки прсти, похувани стапчиња од риба, хот дог. Мароканските деца јадат домашно приготвена храна, заедно со возрасните. Никаква брза храна не се почитува. А, ако некој гостин се реши да јаде во ресторан, тие тоа го сметаат за навреда, бидејќи тоа е знак дека биле лоши домаќини. Едноставно, културата на јадење кое го вклучува целото семејство на маса игра важна улога во нивната става. Кој и да е трик ако го прифатите, загарантирано ќе даде резултат. Само бидете упорни.




mother 29 -> RE: слабеење (8.10.2009 11:21:34)

вчера се мерев,ослабена сум 6 кг.без диета,само многу работа ми се собра овој месец,многу се шетавме(дека залади времето,нема горештини) и немав време за јадење.а колку помалку јадеш,толку помалку ти се јаде и така....




mami -> RE: слабеење (25.10.2009 11:23:48)

за сите вие кои држите секакви дитеи, погледнете што најдов на идивиди, па внимавајте со диетите, што друго да ви кажам

Аткинсовата диета ви го уништува мозокот

Диетата богата со протеини може да го „смали“ мозокот и предизвика Алцхајмерова болест, покажа најновото научно истражување.

Научниците откриле дека глувците кои јаделе оброци како оние од Аткинсовата диета имаат полесни мозоци до другите глувци.

Откриено е дека делот од мозокот задолжен за помнење, кој се нарекува хипоталамус, помалку е развиен кај глувците кои биле на диета на база на протеини.

Научниците велат дека ова откритие укажува дека деменцијата и другите проблеми со помнењето можат да се забават или избегнат доколку здраво се исхрануваме.

- Во истражувањето најмногу не изненади тоа што мозокот на глувците кои јадеа протеини станаа полесни. Диетите базирани на протеини го оштетуваат мозокот и доведуваат до разни заболувања, што треба да се сфати сериозно, порача неурологот Сем Ганди.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>