| 
				  Hopeful RR ->  RE: Колку пари се доволни?  (28.12.2014 21:55:24)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Мислам дека голема врска има и тоа кој што јаде, сега искрено да правиме муабет. Здрава храна не е евтина работа, и факт е дека се поминува поевтино ако човек се храни со неквалитетни работи. Ние со мм многу внимаваме на тоа и искрено, месечно ни одат по околу 3000 ден на пазар (свежо и сушено овошје, јаткасто овошје, семки и зеленчук), плус сигурно некои 9-10.000 ден во маркети и слично. Тука не сметам кафани, ручеци, кафиња и слично, што е многу ретко кај нас. Олеснување имаме еднаш неделно кога одиме кај моите на ручек, и еднаш неделно кај на мм неговите, а другите денови готвиме сами, и тоа се трудиме да е тоа здрава храна. Сметките ни се 6000 ден, плус гориво. Шопинг се поретко во последно време, и тие пари сега ги даваме по лекари и аптеки, реално - и пред ивф-то, и за време, а и сега, страв ми е да пресметам дури колку ни оди на лекови, витамини и други терапии, но тоа е, само нека е за арно. Пари никогаш доста, ама работиме и двајцата многу, па ете, се снаоѓаме. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |