|
mother 29 -> RE: Астма (30.10.2009 13:48:42)
|
извор.време АСТМАТА КАЈ ДЕЦАТА Пациентите со алергиски ринитис поделени на „кивачи" и „течачи" Во составот на клиничката слика постои уште една практична поделба, која е направена врз основа на доминирање на едни или на други симптоми. Првата група пациенти би можело да се наречат „кивачи" и „течачи" и кај нив претежно се нагласени симптомите: кивање, кое особено се јавува во налети, потоа течење на водест бистар секрет од носот, јадеж во носот и променлива носна опструкција. Кај ваквите пациенти постои јасен ритам на симптомите, дење се чувствуваат полошо и тогаш симптомите се поизразени, а ноќе настапува видно олеснување зашто симптомите се намалуваат. Честопати кај оваа група пациенти тоа е придружено со конјунктивитис, т.е. со воспаление на очните капаци. Втората група пациенти се нарекуваат „блокери". Кај нив манифестирањето на кивањето е во помал обем или воопшто не постои. Мукусот е густ и неговото истекување повеќе е во ждрелото отколку нанадвор, за разлика од претходната група, кај „кивачите" и „течачите", каде што истекувањето е предно, односно надворешно. Јадеж на носот не е присутен. Опструкцијата на носот е многу изразена. Овие симптоми се постојано изразени, но влошувањето е поголемо во ноќните часови. Може да се манифестира и намалување на осетот за миризба или негово целосно отсуство, а може да биде придружено и со појава на полипи во носот. Овие пациенти се жалат на болки во гушата, сувост во устата или во ждрелото. Гласот им е карактеристично назален, со присутно 'рчење. Уште една карактеристика е постоењето на алергиски тикови - одредени движења, односно мимики на лицето кај оваа група болни. Патофизиолошките механизми, клиничката слика, дијагностичките аспекти, како и терапевтските мерки на детскиот ринитис се приближно исти како и кај возрасните. Важно е да се напомене дека под петтата година од животот алергискиот ринитис е екстремно редок, а потоа зачестеноста на оваа болест почнува да расте и во адолесценцијата достигнува стапка на преваленца од 15 отсто. Токму кај адолесцентите и младите адулти се гледаат најтипичните манифестации на алергискиот ринитис. Кај децата, особено на помала возраст, алергијата може да поттикне повторувачки инфективен синузитис, воспаление на „третиот крајник", воспаление на средното уво и на тонзилите, но се случува на оваа возраст тие честопати да бидат превидени. Зголемената носна реактивност од неалергиско и неинфективно потекло, како и неалергискиот ринитис со синдром на еозинофилија, воопшто не се чести кај децата. Тие се поприсутни кај возрасната популација. Исто така, децата ретко страдаат од полипи во носот. Ако тие се откријат на детска возраст, треба да се помисли на постоење на други болести, како што се цистична фиброза и цилијарна дискинезија. Во однос на поставувањето на дијагнозата, таа кај децата понекогаш се поставува само врз основа на изгледот на детето, односно според некои карактеристики и маниризми, односно разни тикови, гримаси и мимики, како што се „алергиски поздрав", алергиска бразда на носот и со карактеристични темни кругови околу очите. (сл.) Класичен опис на алергиската носна лигавица е дека таа е отечена и бледа, со водеста ринореја и тој се среќава кога детето има актуелни симптоми во моментот на прегледот. Други наоди со оториноларинголошкиот преглед подразбираат сериозно воспаление на средното уво и аденоидна хипертрофија, т.е. зголемен „трет крајник". Иако кожните алерголошки тестови може да бидат преземени во секоја возраст, тие не се веродостојни пред втората година од животот. И тоталните, како и специфичните имуноглобулини Е, кај децата се со пониски вредности отколку кај возрасните. Познат е фактот дека колку што е помала возраста, толку се помали и нивните вредности. Пожелно е уште еднаш да се истакне дека тоталниот имуноглобулин Е е зголемен кај помалку од половина деца со алергиски ринитис. Иако меѓу астмата и алергискиот ринитис постојат извесни разлики во нервната регулација, како и во структурата на бронхите и на носот, основниот имун одговор е ист и затоа двете заболувања одат паралелно. Според некои истражувања, 25 отсто од сите заболени со алергиски ринитис во исто време имаат и астма. Спротивно, повеќе од половината, дури и 3/4 од болните со астма имаат алергиски ринитис. Затоа, кога еден пациент има едно од овие заболувања, треба да се помисли, да се докаже или да се исклучи и другото заболување.
|
|
|
|