|
betpet -> RE: Искривување на главчето кај бебињата (18.2.2010 21:35:41)
|
viksa,и ние на почетокот го имавме истиот проблем со нашата мала Теодора.Додека лежеше во инкубатор,постојано лежеше на една страна, дури и докторите кои се обидуваа да ја завртат на спротивната страна таа пак по свое, ќе се врати на истата страна, си нашла некоја своја позиција и така постојано лежеше.Од постојаното лежење на една страна, дојде до буквално сплескување на таа страна и главчето доби нееднаква форма, а при тоа и кога ја држевме во исправена положба, главчето не можеше да го врти до крај на таа страна, вратчето беше здрвено.Јас бев многу исплашена и мислев дека главчето е изобличено и дека така ќе остане, докторите ми рекоа дека тоа ќе се исправи и ќе се оформи до 1 година.Кога се вративме од Бугарија јас бев многу упорна ја легнував на спротивната страна и ја потпирав да не се извртува. Но и започнавме со масажи и вежби како на вратчето така и на грбот и рацете. Со масажите по 2 месеца имавме прекрасни резултати, главчето го вртеше рамномерно на двете страни,кога спие сама се врти и на двете страни , а многу пати ја извртува главата толку длабоко наназад за што сме изненадени.Дури и главчето сега веќе се пополни и си доби своја правилна форма. Мислам дека твојата упорност со легнувањето многу ќе помогне, како и масажите. Само треба време да помине.
|
|
|
|