Рецепти за свежи сокови (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


vesna_kr -> Рецепти за свежи сокови (27.3.2009 11:28:39)

Имате ли некој рецепт за сок во соковник?

ЈАс еве правам сок:лимон,портокал,јаболко и малку цвекло.




vesna_kr -> RE: Рецепти за свежи сокови (27.3.2009 11:29:11)

Друга комбинација:киви и лимон




Еца -> RE: Рецепти за свежи сокови (27.3.2009 12:31:34)

Првата година кога зелезото и се намали многу и правев сок од јаболко, цвекло,морков

Друга комбинација јаболко,лимон,морков, можеш да комбинираш баш многу а морковотдава некој посебен вкус,пробај!





kati -> RE: Рецепти за свежи сокови (1.4.2009 10:09:09)

во соковник ставам киви, јаболко, портокал и банана(бананата ми неутрализира да не ми е многу кисело)




kati -> RE: Рецепти за свежи сокови (1.4.2009 10:10:53)

исто така многу пијам милк шејк- во соковник банана и млеко и кога ќе си го ставам во чаша и шлаг шприцам ммм мераци




kati -> RE: Рецепти за свежи сокови (5.5.2009 10:44:39)

во соковник ставам киви банана јаболко портокал




Еца -> RE: Рецепти за свежи сокови (25.6.2009 2:30:49)

Свежо исцеден сок од мандарина е совршен избор за свеж почеток на денот. Во 100 g сок од мандарина има 180 mg калиум, 18 mg калциум, 8 mg магнезиум, 14 mg фосфор, a тука се и железото, цинкот, бакарот и изобилство на антиоксидативни фитохемикалии.

Ако сте биле во текот на работната недела изложени на стрес, на неправилна исхрана или сте имате потешкотии со варењето на храната, предложуваме „викенд“ детоксикација на организмот со вкусните мандарини.

Ако ги започнете саботата, неделата и понеделникот со цитрусниот коктел, кој ви го препорачуваме, ќе бидете потполно спремни за новата работна недела.

Цитрус коктел
2 портокали,
2 мандарини,
½ лимон,
гранче од свежо нане.

Портокалите, мандарините и лимонот исцедете ги во соковник, заедно со свежото гранче од нане. Доколку немате свежо нане, сокот може да го разредите со 50 ml ладен чај од нане. Напомена: на децата и старите лица давајте им разреден цитрус коктел, кој содржи колку сок, толку и вода.

Во свежите мандарини и во сокот од мандарини можете да уживате, без страв дека ќе ја зголемите телесната тежина.




Snowhite RR -> RE: Рецепти за свежи сокови (20.2.2011 12:41:14)

Дали вие пиете сокови во ова време со вируси, јас скоро секое утро цедам лимон, портокал, киви, мандарини, зависи што имам дома и многу убаво се чувствувам, некако ми дава енергија




MamaOhrid -> RE: Рецепти за свежи сокови (20.2.2011 13:45:21)

Јас воопшто не пијам сокови. Ни домашни, купечки пак ич. Ама затоа секој ден си јадам по 3-4 портокали и супер се чувствувам. Гледав еднаш на ТВ еден нутриционист кажуваше дека овошните сокови се многу здрави и убаво е да се консумираат, но оној дел што од овошјето се фрла, пулпата, тоа е она што му треба на организмот. Јас и на син ми не му давам сок, туку портокал низ блендер или круша, јаболко рендани, а не во сок.




Maca25 -> RE: Рецепти за свежи сокови (20.2.2011 15:29:29)

Дома цедиме лимон и портокал, во соковник правам сок од се што имам овошно во фрижидер и си пиеме. Ама само јас и Нина, мм не пие цедени сокови. Нина пред некое време се исфрли од портокал, па сега сме на јадење овошје повеќе, јаболко, круша, банана. 




suzeto -> RE: Рецепти за свежи сокови (24.2.2011 22:50:01)

4 kori od portokal (moze i poveke ili nesto drugo da se dodade) se varat so 2l.voda okolu 2h,otkako ke oladi se cedi i se blendira i se dodava uste 6 l.voda i 3 limontusi se ostava 24h da presedi ...drugiot den se cedi i se dodava 1kg.seker se mesa dodeka se stopi sekerot i se flasira.

jas si pravam razni sokovi na isti princip sto ke imam to ke stavam i seker po zelba moze i za rastvorajne da si napravite samo seker se stava kolku sto ima voda....




Snowhite RR -> RE: Рецепти за свежи сокови (3.4.2013 23:11:39)

МОЌТА НА СВЕЖИТЕ СОКОВИ
Пиењето на свежо исцедени сокови е најлесниот, најефикасниот и највкусниот начин да направите нешто добро за своето тело

Свежите, неконзервирани сокови ги содржат сите аминокиселини, минерали и витамини кои му се потребни на телото за да ги храни и регенерира клетките, ткивата, нервите и органите – со минимално ангажирање на органите за варење. Овошните сокови се прочистувачи на човечкиот систем, а зеленчуковите сокови се „градители“ и регенератори. Четири до осум чаши со природен сок од овошје или зеленчук не само што ги обезбедуваат сите лековити и хранливи состојки кои досега се познати, туку и оние што научниците сЀуште не успеале да ги изолираат. Освен тоа, овие состојки ги добивате во нивната жива, органска, алкална, целосна и балансирана форма. И сигурно си велите: па, во тој случај нели може едноставно да се јаде овошје и зеленчук?
Одговорот ќе го сфатите кога за прв пат ќе исцедите сок.
Потребен е половина килограм моркови за една чаша сок. Можете ли толку да изедете одеднаш?
Но, оваа една чаша е исполнета со концентрирани хранливи состојки кои лесно се варат и веднаш почнуваат со исцелување на телото преку хранење на крвотокот.
Кога телото е ослабнато, дури и овошјето и зеленчукот можат да бидат проблем за варење. Но, за соковите не е потребно варење, па сите хранливи состојки се подготвени да влезат во крвотокот, не оптоварувајќи го на тој начин дигестивниот тракт. Најдобро е да се конзумира свеж сок, разреден со 25-50% дестилирана вода. Чистиот, свеж сок е концентриран и треба да се смета за оброк.
Да сумираме. Доколку сЀуште барате причина за „цедење“, можеме да издвоиме три главни причини
ж поради кои конзумирањето на свежите сокови е важно за Вашето целокупно здравје. Тие се:
1. Полесно апсорбирање на хранливите состојки од овошјето и зеленчукот.
Ова е важно бидејќи голем дел од луѓето имаат некаков проблем со варењето на храната – особено поради не сосема правилната исхрана. Ваквите проблеми ја намалуваат способноста на телото да ги апсорбира сите хранливи состојки. Кога овошјето и зеленчукот се конзумираат во вид на сок, тие се во форма која брзо и лесно навлегува во организмот.
2. Конзумирање на доволно количество зеленчук и овошје.
Понекогаш е тешко да се конзумира овошје или зеленчук онолку колку што му е потребно на организмот, но тие количества лесно се „голтаат“ кога се во чаша свеж сок.
3. Разновидност во исхраната.
Повеќето луѓе јадат исти зеленчуци, исти салати секој ден. Со тоа се нарушува принципот на разновидност во исхраната и се зголемува ризикот за развивање на алергија од одредена храна. Но, со свежо цедените сокови можете да конзумирате повеќе видови на зеленчук и овошје отколку што обично јадете.
Но, нека не Ве залажуваат пакуваните сокови во продавниците – тие воопшто не можат да се споредат со свежо исцедениот сок. Овие сокови се пастеризирани, што значи дека користените плодови од овошје или зеленчук (доколку воопшто биле користени) прво биле загреани на температура над 65 степени. Оваа процедура освен што делумно ги разложува растителните влакна, ги уништува и сите ензими или кислород. И, повеќето пакувани сокови содржат вештачки прехрамбени бои, презервативи и синтетички витамини, сол, адитиви и шеќер во форма на фруктоза, декстроза или пченкарен сируп. Дури и кога сокот купен во продавницата за здрава исхрана е навистина 100% природен, сепак и овој сок е пастеризиран.
Почнете со сок од моркови, кои се основа за повеќето од коктели бидејќи се вкусни за пиење. Но,
доколку имате проблеми со нивото на инсулин во крвта избегнувајте зеленчуци кои растат под земја
(како на пр. морковот) – тие содржат шеќери. Истото важи и за овошните сокови.
Идеалното количество за Вашата исхрана, доколку немате проблем со шеќерот, е половина килограм моркови, репка или цвекло неделно. Научниците сметаат дека овие продукти со интензивни бои обезбедуваат многу повеќе благодети од зелените продукти за кои ќе прочитате во продолжение.
Сокот од морков е одличен прочистувач на крвта и „градител“ на мускули. Но, кога го комбинирате со други зеленчуци, не користете иста количина бидејќи повеќето зеленчуци не се пијат толку лесно како
што лесно се пие сокот од морков.
Еве што можете да додадете на сокот од морков:
Цвекло – моќен прочистувач на крвта. Но, внимавајте со конзумирањето – цвеклото е многу силно, а сокот многу концентриран. Не можете да испиете повеќе од 100 мл. сок од цвекло без да почувствувате блага вртоглавица поради тоа што прочистувачките состојки премногу брзо навлегуваат во крвотокот.
Одлични комбинации на морков/цвекло се:
• Морков, цвекло, ѓумбир, лук
• Морков, цвекло, краставица
• Морков, цвекло, магданос, краставица
• Морков, спанаќ, цвекло
• Морков, целер, магданос, цвекло
• Морков, цвекло, краставица, магданос, лук
Доколку досега не сте пиеле свежо цедени зеленчуци, Ви препорачуваме да почнете со овие затоа што
се вкусни и лесно се варат:
• Целер
• Анасон
• Краставица
Овие три продукти не се толку „полни“ со хранливи состојки како на пример зеленчуците со интензивни бои. Штом се навикнете на наведените продукти, можете, во сокот што ќе го правите, да додадете зеленчуци со поголема хранлива вредност, а помалку вкусни.
Штом ќе се навикнете на природните сокови, можете да почнете со цедење на следниве зеленчуци:
• Марула
• Римска салата
• Ендивија
• Широколисна ендивија
• Спанаќ
Следен чекор се:
• Зелка
• Кинеска зелка
Интересен факт: Сокот од свежа зелка е еден од најхранливите и најлековитите кога е во прашање лекувањето на ракот на дебелото црево, бидејќи содржи огромна количина Витамин У односно С – метилметионин. Кога ќе се чувствувате подготвени, додадете му зачини на сокот. Магданосот е одличен во разни комбинации, а исто така е и многу хранлив. На крајот пробајте ги и овие зеленчуци, но за сокот користете само по еден или два листа од нив, бидејќи се со горчлив вкус:
• Кељ
• Свежи листови од глуварче (млечка)
• Свежи листови од синап
Кога купувате кељ, потрудете се да најдете листови кои се свежи и прикачени на стебленцето. Во моментот кога листовите се кинат од стебленцето, продуктот забрзано ги губи хранливите состојки.
Важно: сокот пијте го на собна температура, веднаш по цедењето. Доколку сте го складирале во фрижидер, почекајте да се стопли пред да го испиете.
Сокот секогаш пијте го полека и притоа не јадете друга храна – на тој начин си обезбедувате подобра асимилација на хранливите состојки во крвотокот. Бидејќи сокот е концентрирана храна, ако го пиете со друга храна ќе навлезе во дигестивниот систем заедно со неа, а со тоа ќе се поништат хранливите состојки на сокот. Важно за варењето е и да не јадете еден час откако сте се напиле сок и да не пиете сок откако сте јаделе. Имајте на ум дека сокот од зеленчук и сокот од овошје се две сосема различни нешта кога е исхраната во прашање. Токму затоа, не комбинирајте овошје со зеленчук кога цедите сок бидејќи тие бараат различни дигестивни процеси.
Но има и исклучоци:
• Марулата и целерот можат да се комбинираат и со овошје и со зеленчук.
• Јаболката исто така се комбинираат и со овошје и со зеленчук, а можат и да ги заменат морковите доколку сакате поблаг сок.
Кога правите сок од зеленчук, како основа (80+%) земете моркови или јаболка, а останатите зеленчуци додадете ги по желба. Повеќето од овошјата се одлична комбинација, но внимавајте:
• Лимони, портокали, цитрони, мандарини се мешаат единствено со такви слични овошја.
• Дињи, лубеници се мешаат единствено со такви слични овошја.
Најдобро е свежо исцедениот сок да го пиете наутро.

За одличен вкус

Доколку сакате подготвениот сок да биде повкусен, што е особено важно на почетокот, Ви предлагаме да ги вклучите овие продукти како додатоци:
• Кокос: Набавете свеж цел кокос или незасладен изреднан пакуван кокос. На сокот ќе му даде одличен вкус, а освен тоа, кокосот е важен извор на масти кои ќе го избалансираат сокот. Масните киселини во кокосот се докажани по своите антивирусни, антибактериски и анти протозоални функции. Природните масти од кокос ги нормализираат телесните липиди, штитат од оштетувања на џигерот (предизвикани од алкохол) и го подобруваат имунолошкиот систем кога е во прашање борбата против воспаленија.
• Боровинки: Доколку сакате боровинки, користете ги како додаток. Освен што се вкусни, боровинките имаат 5 пати
поголема антиоксидантска моќ од брокулите, што значи дека штитат од рак, болести на срцето, мозочни удари.
Понатаму, боровинките се полни со фитонутриенти кои помагаат при лечење на инфекции на уринарниот тракт кај жените. Но, за половина литар сок користете само 150 грама боровинки.
• Лимон: Можете да додадете половина лимон (излупен).
• Свеж ѓумбир: Ѓумбирот е одличен додаток доколку можете да го толерирате. Како што веќе споменавме, има неверојатни ефекти врз Вашето кардиоваскуларно здравје, штити од артериосклероза, го намалува нивото на холестерол и го спречува оксидирањето на ретките липопротеини.

И за крај, неколку практични совети

Испијте го исцедениот сок веднаш или внимателно складирајте го
Сигурно се прашувате дали може да исцедите поголема количина овошје или зеленчук за да заштедите време, а сокот да го пиете подоцна? Тоа не е добра идеја. Свежиот сок брзо се расипува така што е најдобро веднаш да го испиете. Но, доколку внимателно го складирате, можете да го чувате дури до 24 часа. Еве како можете да го складирате свежо исцедениот сок:
• Ставете го сокот во стаклена тегла која херметички се затвора. Наполнете ја теглата до врвот така што во неа да има што помалку воздух. Кислородот во воздухот го оксидира и расипува сокот.
• Завиткајте ја теглата со алуминиумска фолија за да не биде изложена на светлина. Светлината
го расипува сокот.
• Чувајте го во фрижидер, но извадете го барем 30 минути пред да го пиете бидејќи свежо исцедениот сок најдобро е да се конзумира на собна температура.
Подготвувајте го и пијте го сокот наутро, но ако сте ограничени со време, подготвувајте го кога Вам Ви одговара.

Чистете го соковникот правилно

Ако купите квалитетен соковник, за чистењето по цедењето ќе Ви бидат потребни отприлика 5 минути. Тоа време е навистина малку во споредба со она што го добивате од свежиот сок. Затоа, не бидете мрзеливи и не барајте изговори. Исчистете го соковникот веднаш по цедењето бидејќи остатоците можат да се засушат и потоа тешко се отстрануваат. Металното сечило на соковник најдобро се чисти со ситна четка – специјална за таа намена или пак со стара четка за заби.




elenak -> RE: Рецепти за свежи сокови (2.7.2013 14:56:22)

Деновиве конечно го ставив во употреба соковникот ама некако сум безидејна. Не знам какви комбинации да правам, кое со кое овошје да го помешам, па решив да побарам некои рецепти за природни сокови. Најдов многу па ја најдов и темава и решив да ги споделам со вас. Јас едвај чекам попладне да се наоружам со овошје и повеќе да не ме гризе совест кога на детево ќе му понудам сокче.

Сок од јаболко и круша
- 2 јаболки
- 2 круши
- 1 cm корен ѓумбир
- 1/2 чаша црно или бело грозје
- 1/2 каф.л. цимет

Есенско освежување
- 3 круши
- 2 праски
- 1 јаболко
- 1/2 излупен лимон

Сок од бобинки
- 1 чаша боровинки
- 1 чаша цреши или вишни
- 1/2 чаша грозје
- 1/4 диња

Бета сок
- 3 моркови
- 2 кајсии
- 1/4 диња

Бета-каро
- 3 моркови
- 3 кајсии
- 3 праски

Црн ананас
- 1 чаша капини
- 2 кришки ананас
- 1/2 чаша боровинки
- 1/2 чаша малини
- 3 гранчиња магдонос

Сок од боровинки
- 1 чаша боровинки
- 1 чаша цреши или вишни
- 1/2 чаша црно грозје
- 1/2 чаша малини

Ц сок
- 1 грејпфрут
- 2 портокали
- 3 киви
- 6 гранчиња магдонос

Сјајот на црешите
- 1 чаша цреши (или вишни)
- 1 грејпфрут
- 1 јаболко
- 1 рака цветови камилица (по потреба)

Отворен сок
- 2 чаши јагоди
- 2 моркови
- 1 портокал

Сок од грејпфрут
- 1 портокал
- 2 грејпфрути
- 1 лимон

Лимонада од јагода и портокал
- 1 чаша јагоди
- 1 лимон
- 2 портокали
- 1 чаша вода

Летен нектар
- 3 нектарини
- 2 кајсии
- 1 чаша боровинки
- 2 праски
- 2 сливи

Летен сок
- 4 кајсии
- 1 чаша грозје
- 4 праски
- кришка лубеница од 5 cm

Сончева енергија
- 1 чаша јагоди
- 1 чаша црно грозје
- 1 портокал




zzaa -> RE: Рецепти за свежи сокови (2.7.2013 15:13:50)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]za receptite ke gi isprobam site,i jas sekoj den si pravam sokovi vo sokovnik i za nas i za malata.




Mihaela 2010 -> RE: Рецепти за свежи сокови (2.7.2013 16:12:57)

Jas so sokovnikot go dobiv i priracnikot so recepti,ama ne se rakovodam spored nego
Obicno kombiniram dve do tri ovosja,i si pravam sokce
Sto ke mi se najde od ovosje doma toa i si go cedam[sm=smiley1.gif]




AneLav RR -> RE: Рецепти за свежи сокови (3.7.2013 12:14:14)

А за кој соковник правите муабет?




marchi -> RE: Рецепти за свежи сокови (6.2.2016 18:02:42)

Морков, спанаќ, цвекло

ubava kombinacija kaza Snowhite RR samo kako bi ja zasladila? so med so sekjer...kako bi bilo povkusno? nikogas ne sum ja upotrebila ovaa kombinacija ama e epten kosrisna za krvnata slika




Страница: [1]