|
mila mama -> RE: На кој начин ве промени мајчинството (25.9.2011 17:16:09)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР Барав ваква слична тема... многу се напнав кога сфатив дека откога станав мајка станав многу голем паничар, многу станав плашлива, несигурна, и многу почна да ми значи моето здравје... поготово ако влезам во филм дека може да ми се случи нешто, било што, болест, несреќа, ме фаќало голем страв за син ми... во последно време многу често ми доаѓаат вакви мисли, некогаш помислувам дека запаѓам во депресија. Дали на некој му се случува ова, или да се замислам подлабоко за ваквите филмови? Јас читам и се чудам, сите станале поодговорни, посилни, похрабри и подобри, а јас и онака си бев одговорна, силна, незаввисна, штедливка, оптимистка... Сега исто како тебе Џесика сум најголема паничарка, плашлива, несигурна, ме фаќа исто страв за моето здравје и тоа бебушка да ја оставам не дај Боже сама... За праавење филмови јас би требало да се замислам дали не е добро да седнам и да ги ставам на лист хартија, па да ги екранизирам во жанр хорор. Ако веќе се измачувам себе си, бар да бидам полезна за филмската индустрија...
|
|
|
|