mami -> Проблеми со жолчката (1.2.2010 8:35:24)
|
Десет проценти од вкупната популација има камен на жолчка. За таквата состојба е виновна нездравата исхрана и недоволната физичка активност. Затоа менито на секојдневната прехрана треба да содржи варена, а не пржена или печена храна. Црвеното месо да се исфрли од исхраната, односно да се замени со бело месо и риба. Фактори за создавање на камен на жолчка: Храната игра важна улога во создавањето камен на жолчка, посебно онаа која е богата со масти и јагленохидрати. Сепак, не е толку важно количеството на калории кое се внесува во организмот, туку енергетската нерамнотежа, која настанува како резултат на недоволната физичка активност. Од голема важност е и зголеменото ниво на триглицериди, како и намалената работа и подвижност на жолчниот меур. Симптоми на болеста: Во почетниот стадиум (некогаш дури и две години подоцна) лицата ги немаат симптомите на болеста, но по извесен период камењата можат да се зголемат дури и до 5 сантиметри. Доколку се случи некои од нив да се придвижат кон тенкото црево, најчесто заглавуваат во водата на жолчниот меур и тогаш предизвикуваат болки. Најостри болки можат да се јават во горната десна страна на стомакот, кои траат неколку часа, проследени со мачнина и повраќање. Типови на камен: Во однос на изгледот и хемискиот состав, каменот на жолчка се дели во две основни групи: холестеролски и пигментски. Холестеролскиот камен, кој е застапен во 80% од случаите, може да биде чист (обично еден голем камен, со бело-жолта боја) и мешан (повеќе ситни камења), додека пигментниот камен обично е мал и црн, а се создава кај пациентите со хронични заболувања, како хемолиза, алкохолна цироза на црниот дроб и инфекција на жолчните патишта. Лекување на болеста: Кога димензијата на камењата е помала од 3 сантиметри, тие обично не создаваат проблеми и се применува таканареченото лекување со чекање. Во таков случај, болниот нема да биде подложен на операција и не мора да зема лекарства, туку му се препорачува промена во начинот на исхрана. Ако каменот на жолчката му создава болки на болниот, а тој поради одредени здравствени причини не може да подлежи на операција, тогаш се одредува терапија со лекови кои го растопуваат каменот. Задолжително се интервенира со хируршки зафат ако жолчниот камен дава алармантни симптоми, создава клинички компликации и ако се наоѓа во жолчната вода. Операцијата може да се изведе на класичен начин со отворање на стомачниот дел или по ендоскопски пат, односно примена на специјални камери и инструменти. Начин на исхрана: За болните од камен на жолчка се препорачува режим на исхрана со мала застапеност на масти, а доволно јагленохидрати. Подоцна во исхраната постепено се вклучуваат и протеини. Треба да се јаде почесто, но во мали количини. Храната да изобилува со овошје, зеленчук и сокови, а да се избегнуваат рафиниран шеќер, слатки, кофеин и чоколадо. Да се конзумираат млеко и млечни производи со ниска масленост. Да се практикува варена, а не пржена или печена храна. Црвеното месо да се исфрли од исхраната, односно да се замени со бело месо и риба. Пожелно е да се избегнува и жолчката од јајцата. Брзото губење на килограми, исто така, може да предизвика дополнителни проблеми. После поголем оброк добро е да се лежи барем половина час, а на предниот жолчен меур да се стави топол облог. Во текот на присутноста на болките, најдобро е воздржување од храна, а доколку се конзумира, тоа да бидат течности, како зашеќерен чај, овошни сокови и варено млеко
|
|
|
|