betpet -> RE: Загадувачи на околината (27.1.2010 13:03:14)
|
Секој сака здраво поколение, што во Велес многу тешко и со страв се стекнува. Многугодишното работење на овој гигант-Топилница значеше богатство за градот,вработеност,висока економија и многу среќни семејства со високи плати. Но наспроти овие позитивности, се создадоа многу негативности кои со години не можат да се исчистат.Тешки се последиците од нејзиното работење, живо родени деца со големи аномалии, што не дај Боже на некој да му даде Господ. Но кога ќе дојде што се може и тие денес живеат со тешки маки како за родителите така и за нив. Го нема на светот тоа богатство од здраво дете и здрав човек. Но најтешка е таа политика што секогаш кога се продава овој гигант, не се мисли за последиците од нејзиното работење, туку само на тешките милиони што би ги добиле од работењето и тоа секогаш се доверители кои се со седиште надвор од државата. Тоа се луѓе кои не би воделе грижа за здраво населението, туку за својот интерес. Општината Велес, заедно со многу НВО води долгогодишна битка да не дозволи рестартирање на овој гигант. За оваа цел се смени и ДУП за тоа подрачје, да не се дозволи градба и постоење на таа тешка индустрија на тоа подрачје. Во оваа борба сите сме единствени, но не секогаш зависи од нашата одлука. Влијанието на високата политика и нивните интереси што чинат човечки живот, секогаш победуваат. Ќе се бориме се во интерес на нашите поколенија, да живеат во здрава и чиста околина. Се надевам дека нашата упорноста и вистинските докази(докуметација, студии,анализи и др) ќе победат. Уставот на РМ вели-загарантирано е правото на секој човек на здрава и чиста околина, ако владата го дозволи рестартирањето на овој објект, значи дека го прекршува најголемиот акт на државата. Со тоа ние ќе победиме, а тие ќе изгубат.
|
|
|
|