| 
	   
	    | 
		    
			  | Edna ->  RE: Испитувања во бременоста  (14.1.2010 22:05:38) |  
			  | Здраво девојки
 Нова сум на форумов па вака официјално да ве поздравам и да ви се претставам.
 Бремена сум 26 недела, термин ми е 25 април и носам девојче...море лавица :)
 Ова со испитувањава навистина ме фрустрира затоа што не постои еден патерн, шема која сите би ја следеле. Вака, некој прави 5 испитувања, некој 2, некои трудници сосема различни 7 ... нема крај.
 Јас до сега освен двата скрининга во 12 и 20 недела секој месец (па и малку почесто :)) одам на ехо, проверувам крв, урина и правев еден микробиолошки брис во 15 недела. На трансфузиологија правев тест затоа што сум РХ негативна во 16 недела, а сега ме чека истиот во 28 недела.
 Не знам кога да правам следен микробиолошки брис. Едната докторка гинеколог ми рече во 36 недела, а некои ми викаат дека може и сега, а во 36 уште еднаш.
 Исто така ме фрустрира неусогласеното мислење за примање Рогам инекција. Едниот доктор ми вели нема потреба ако тестот од трансфузиологија е негативен, а другиов ми вика мора, дури и со закон е потврдено. Инаку си одам на 2 доктора, а некогаш и на три затоа што откако забременив тажно констатирав дека во македонското здравство клучно е второто, третото мислење...
 |   
	          | 
 |  |  |