| 
				  profesorica ->  RE: Стрии,целулит,попуштени вени,испукани капилари  (18.9.2009 15:08:50)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Целулитот нека стане минато.Дали е можно?    Целулитот е неуморен непријател со кој денес се сретнуваат и многу млади девојки, а за оние постарите и да не зборуваме. Сепак, тој успешно може да се лечи со доследна терапија и упорност.    Стручно кажано, целулитот е последица на претерано зголемување на волуменот на масните клетки, односно непотполно излачување на отровите кои се задржуваат во телото. Така се спречува нормален проток на крв и лимфа кои ги отстрануваат отпадните води од ткивото. Соодветната исхрана и правилна програма со физички активности се основни за намалување или целосно отстранување на целулитот.       Причини за појава на целулит    Оваа појава, која на кожата се манифестира како „кора од портокал„ е присутна дури кај 90% од жените. Од нив, дури 35% се витки жени. Поради влијанието на хормоните, стресот, неправилната исхрана и недоволната физичка активност, масното ткиво се собира и сочинува и до 25% од телесната тежина.    Причината за појава на целулит може да биде и во гените, но најголемата одговорност ја носи женскиот хормон „естроген„. Тој предизвикува собирање и задржување на вишокот маснотии кои можат да се јават од пубертетот до климактериумот.    Има уште една причина за појава на целулит, а тоа е – претесна облека, која ја спречува нормалната циркулација.       Каде се јавува најчесто и како да го препознаете    Целулитот најмногу се јавува од внатрешната, горната и задната страна на колковите, но и на бутовите, колената, стомакот, надлактиците, како и на задникот.    Непогрешлив начин за да откриете дали имате целулит е благо да ја притиснете кожата на критичното место: бутови, колкови, стомак итн. Доколку таму кожата ви се набере како кора од портокал, значи дека го имате. Во други случаи, целулитот е видлив и без притисок.    Кожата зафатена со целулит на допир е рапава, тврда и со грутчиња, бидејќи сврзувачкото ткиво е ослабено и често недоволно развиено.       Домашни третмани   Најдобро е да изберете целосен третман кој ќе го детоксификува телото однатре и ќе дејствува мна масните наслаги однадвор. Заради подобра циркулација и поефикасно дејство на препаратите против целулит, пред нивното нанесување, треба да се направи пилинг на телото. Третманите со минерална кал и алги не само што се ефикасни, туку се и здрави бидејќи ги снабдуваат клетките со минерали и витамини и на тој начин го забрзуваат природниот метаболизам и исфрлувањето на штетните состојки, вишокот на течности и маснотии. На крај, неопходен е антицелулитен крем.       Масажа Добрата антицелулитна масажа ја ослободува течност заробена во ткивото. Се препорачуваат редовни серии од 15-тина масажи, 2 до 3 пати годишно. Секако, во комбинација со професионалната масажа, идеално е да користите и некој антицелулитен препарат, како и да го промените начинот на исхрана. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |