|
Gwendolin -> RE: Книгата што ме воодушеви е ... (30.3.2013 20:01:12)
|
Читав многу, ги обожавав Агата Кристи и Сидни Шелдон, потоа Гордост и предрасуди ми беше омилена, па Коелјо и други во тој стил дури не ми се здосадија, Хесе секогаш го потчитнувам, Стивен Кинг ми е симпатија за озбилно, а читам негова книга, заборавам и да јадам и да спијам. Многу ми е жал што Тери Пратчет не е преведен на македонски. Имам едно 30 книги од него на бугарски и српски и сите ги обожавам! Навидум изгледаат детски, фантазија, измислен свет, а се пародија на многу дела, на секојдневниот живот, на буквално се, полни со хумор(англиски хумор), , на оригинален малку сатричен начин напишани, толку изгледаат детски, а во секоја книга има некоја мисла, поука што те тера некои места да ги препрочиташ повеќе пати. Не се за обожаватели на љубовни драми и трагедии.
|
|
|
|