mis. -> RE: Книгата што ме воодушеви е ... (23.1.2010 13:23:50)
|
Фестивал, промоции и попусти во книжарницата "Феникс" Издавачката куќа "Феникс", заедно со Фондацијата "Македонија презент", од утре до 15 февруари ја организира манифестацијата "ФАКТ" (Фестивал, акции, книги, трибини). Фестивалот ќе се одржува во новоотворениот Културен центар на "Феникс" кај Универзална сала, од 12 до 20 часот, а ќе бидат презентирани најновите изданија: "Љубовница" од Аманда Квик, "Страв од летање" од Ерика Јонг, "Шехерезада", "Дневник" од Ог Мандино, "Убаво однесување" и "Пророкот" од Калил Џибран. Сите книги ќе се продаваат со попуст од 50 отсто, а посетителите ќе добијат бесплатни членски карти на Клубот на книгата, со постојан попуст во текот на целата година. Од "Феникс" најавуваат дека од 20 до 27 јануари ќе се одржи еднонеделниот Фестивал на чајот, со промоција на книгата "100 чаеви", а ќе биде претставена и едицијата "Здравје". Ќе има и пладневни промотивни средби со писатели под заеднички наслов "На чај со...", при што ќе бидат претставени и најновите изданија на Радован Павловски, Ристо Ѓ. Јачев, Ката Мисиркова - Руменова и на Христо Петрески. Знае некој кај има книжарница на Феникс?
|
|
|
|