sandriana RR -> RE: Каиш за проодување (9.6.2014 8:51:54)
|
И ние се обидовме да користиме каиши - имав на користење од другарка ми Чиков, ама за нестабилно и трапаво дете како моето, не би ги препорачала. Едноставно, на Т и требаше многу поцврста потпора - под мишки или држење за двете раце, се до моментот дур не се стабилизира сосем - па се држеше само за прст. Но, како што велат - секое дете - своја приказна, ако имаш можност да набавиш бар на заем, обидете се. Чиковиве додуша, најобичните, се малку крути, немаат перничиња да не "жуљаат" под мишките....во наше време мајка ми за мене имаше едни кожни, мекани, со меки перничиња- ама тие мистериозно исчезнаа баш кога ми требаа за мое дете (Марфи) [sm=smiley1.gif]. Мислам дека таква варијанта со перничиња имаа во MOthercare, ама зборам за пред 2 години.
|
|
|
|