Octavia -> RE: Дали го оставате бебето да поплачи или не? (22.3.2011 9:56:59)
|
Јас не ја оставам да плаче, освен ако не мора (сама сум со [sm=duda.gif] по цел ден, па некогаш нема друг избор освен да поплаче минута-две). Мислам дека бебето кое не се остава да плаче е помирно, помалку нервозно. Според мене, „тренирање“ бебе е Сизифова работа, на крај се добива само исфрустрирана, тажна мама и едно изнервирано бебе, кое во секој случај нема доволно свест за да сфати што се обидувате да го научите, туку се раководи од своите потреби и инстинкти. Многу сум против тоа бебето да се „дресира“ на таков начин (не можам да кажам да се „воспитува“ бидејќи кога бебето ќе заспие плачејќи, тоа не ја учи лекцијата, туку заспива од умор и фрустрација). Постојано сум во конфликт со мм заради тоа, секогаш ми вика да ја оставам да се изнаплаче место да ја земам, ама тоа е против се во мојата природа, едноставно не можам да седам ладна на страна додека бебето ми плаче. Инаку, прочитав дека веќе и на овие простори стигнало апаратчето Why cry кое, демек, успева да ви дешифрира зошто плаче бебето (глад, жед, болка, за спиење...) а се базира на она што верувам сите знаеме, дека секое плачење си има своја порака. Мислите ли дека ова чудо навистинa може да помогне?
|
|
|
|