|
mis. -> RE: Вицотека (15.7.2009 0:22:35)
|
Образование! Млад човек е примен на работа во голем супермаркет и првиот ден го пречекува менаџерот, го поздравува срдечно и му вели: - Твојата прва задача денес ќе биде да го избришеш подот. - Ама јас сум факултетски образован. - Оф леле, извини. Дај ми ја метлата, јас ќе ти покажам како. Проверка! за време на посета на психијатриска болница, новинар го прашува директорот на болницата врз основа на што одлучуваат кого ќе примат во болница на лечење. - "Многу едноставно, ќе го ставиме пред када наполнета со вода, ќе му дадеме лажица, чаша и кофа, па ќе му кажеме да ја испразни водата на најбрзиот начин". - "Аха, разбирам..." - одговара новинарот. "Значи, оној што е нормален ќе почне да вади вода со кофата?" - "Не, тој што е нормален ќе ја извади затката од дното на кадата. Сакате соба со балкон или без?" Славни личности! Во школо учителката го прашува Ѓоко да наброи неколку славни личности: - Па учителке, Роналдињо, Бекам, Анри... - А ти си читал за Пикасо, Моцарт ... - Не, не, резервите не ги знам учителке! Пожарникари! На плавуша и се запалила куќата и целата испаничена им се јавува на пожарникарите. Пожарникарите: Само мирно госпоѓо. Кажете ни како да дојдеме кај Вас? Плавуша: Па со она големото црвено возило!
|
|
|
|