RE: Како до женско, а како до машко (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Заедничка надеж



Порака


AnnaMolly RR -> RE: Како до женско, а како до машко (15.7.2014 12:38:16)

За првото не планиравме дал ќе биде машко или женско, ама сега второво по рецепт го правевме [sm=smiley9.gif]
Бидејќи точно знам кога ми е овулација, имам болна овулација и екстремно редовен циклус, го правевме 4 дена пред овулацијата. И тој месец имавме само тој ден однос и ете се фати од само еден пат. Утре сум на скрининг и ако ми кажат пол баш ќе видиме дали е точен рецептов или нешто ни се измешале состојките :)))))))
Се надевам успешно сме го „зготвиле“ и дека ќе биде [sm=rozacrtici.gif]




princessa -> RE: Како до женско, а како до машко (15.7.2014 15:46:06)

Ајде нека се угоди[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Snowhite RR -> RE: Како до женско, а како до машко (15.7.2014 22:35:13)

Имам чувство деκа сте го погодиле ρецептот, баш да видиме да не известиш, и ние по тој ρецепт го пρавевме втоρото и κај нас се погоди, се надевам и κај вас ќе биде [sm=rozacrtici.gif]




marchi -> RE: Како до женско, а како до машко (16.7.2014 0:46:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Доколку сакате момче
Знаеме дека „машките" сперматозоиди, кои носат Y хромозом, се движат побрзо од „женските" сперматозоиди, кои носат X хромозом.
Но овие сперматозоиди ќе умрат побрзо од „женските" сперматозоиди, така да вие и вашиот партнер треба да бидете сигурни дека сте 100% блиску до овулацијата и да имате сексуален однос колку што е можно поблиску до датата на овулација (денот пред или на самиот ден на овулација).
Ова им овозможува на побрзите „машки" сперматозоиди да дојдат побрзо до јајце-клетката, која чека да биде оплодена и да ја оплодат пред да стигнат побавните „женски" сперматозоиди.

Доколку сакате девојче
Па сега е прилично едноставно. Доколку сакате да имате девојче најдобро е да водите љубов два дена пред овулацијата, така да ова ќе им овозможи на побрзите „машки" сперматозоиди да ја истрошат енергијата и да умрат оставајќи ги побавните „женски" сперматозоиди (но кои живеат многу подолго) да пристигнат и да ја оплодат јајце клетката која чека да биде оплодена.

Мис ни се поклопуваат податоците мила[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]

ne sum ja znaela ovaa informacija no dobredojdena e [sm=smiley1.gif] no znam deka od mazot zavisi dali deteto ke bide masko ili zensko.zenata ima XX hromozomi i deteto ke nasledi eden hrom ozom od majkata koj sekako ke bide X a mazot ima XY hromozomi pa ako od nego nasledi X hromozom ke bide zensko a ako nasledi Y ke bide masko. [sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Како до женско, а како до машко (16.7.2014 11:59:46)

Докторката срамежливо и несигурно ми рече денес дека е куре :)))))) Ама стопати повтори дека е рано и дека можеби згрешила :) Па ќе видиме на следен преглед што ќе бидне. Признавам дека повеќе сакам да е женско, ама и машко да е моментално со проблемиве што ги имам во бременоста само нека биде здраво право.




LoveableMe RR -> RE: Како до женско, а како до машко (16.7.2014 13:51:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Докторката срамежливо и несигурно ми рече денес дека е куре :)))))) Ама стопати повтори дека е рано и дека можеби згрешила :) Па ќе видиме на следен преглед што ќе бидне. Признавам дека повеќе сакам да е женско, ама и машко да е моментално со проблемиве што ги имам во бременоста само нека биде здраво право.


Не би требало да е машко, бидејќи многу рано пред овулација сте го правеле, сега не знам.....ако е така, ќе падне во вода теоријава за машко и женско [sm=smiley36.gif][sm=smiley1.gif], ајде извести не за следно ехо[sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: Како до женско, а како до машко (16.7.2014 14:23:30)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Не би требало да е машко, бидејќи многу рано пред овулација сте го правеле, сега не знам.....ако е така, ќе падне во вода теоријава за машко и женско [sm=smiley36.gif][sm=smiley1.gif], ајде извести не за следно ехо[sm=bravo.gif]


[sm=smiley36.gif] рушење на теории за забременување па и за машко или женско[sm=smiley36.gif]

Мајка на моја пријателка ми рече кога ќе сакам женско да и се обратам ама бевме на гости и нестигнав да ја потпрашам [sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Како до женско, а како до машко (16.7.2014 14:48:02)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

[sm=smiley36.gif] рушење на теории за забременување па и за машко или женско[sm=smiley36.gif]

Мајка на моја пријателка ми рече кога ќе сакам женско да и се обратам ама бевме на гости и нестигнав да ја потпрашам [sm=smiley36.gif]


Е па викаат за женско треба неколку дена пред овулација, а за машко на ден пред или на сама овулација, а има и посебна исхрана што да се јаде, за да се зголемат шансите за машко или женско, ќе ја најдам од интернет и ќе ја постирам. [sm=smiley1.gif]




marchi -> RE: Како до женско, а како до машко (16.7.2014 15:50:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Докторката срамежливо и несигурно ми рече денес дека е куре :)))))) Ама стопати повтори дека е рано и дека можеби згрешила :) Па ќе видиме на следен преглед што ќе бидне. Признавам дека повеќе сакам да е женско, ама и машко да е моментално со проблемиве што ги имам во бременоста само нека биде здраво право.

polot kaj devojcinjata na eho podocna se gleda,imam sretnato milion takvi slucaevi (so ogled na toa deka sum med.sestra [sm=smiley36.gif]) maskite decinja posle tretiot mesec mozat da se vidat deka se maski [sm=smiley36.gif] znaci ako posle tretiot-cetvtriot mesec ne moze da se zabelezi polot da znaete deka e devojce.ne postoi nekoe pravilo tuka no ete vi vikam mnogu takvi slucaevi sum sretnala




LoveableMe RR -> RE: Како до женско, а како до машко (31.7.2014 14:52:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Зголемување на шансите за машко или женско

..... Еден од најпопуларните методи за природно зачнување на машко или женско е методот на д-р Шетлс. Уште во 60-тите години, д-р Шетлс го предложил методот за селектирање на полот за кој тврдел дека има научни докази. Токму тој метод го објавил во својата книга „Како да го изберете полот на вашето бебе“ и оттогаш стекнал огромна популарност.

Како да зачнете машко?
  • Сексуален однос за време и по овулацијата. Според методот на Шетлс, парот кој сака да добие машко треба да практикува заштитен сексуален однос до 4 дена пред овулацијата. Потоа, четирите дена до овулацијата да апстинира, а на денот на овулацијата да практикува незаштитен сексуален однос. Тогаш жената е најплодна, а бидејќи машките сперматозоиди се побрзи од женските, поголема е веројатноста јајце-клетката да биде оплодена од сперма која носи Y хромозом. Апстинирањето се препорачува за да се зголеми концентрацијата на спермата.
  • Жената да достигне оргазам. Машките сперматозоиди се помалку издржливи од женските и ним им одговара алкална средина на вагината, а алкалноста се зголемува кога жената достигнува оргазам. Оргазмот им помага на машките сперматозоиди да преживеат, а контракциите при оргазмот им помагаат уште побрзо да стигнат до јајце-клетката. Затоа, Шетлс препорачува жената да доживее оргазам пред или во исто време со нејзиниот партнер.
  • Секс пози кои овозможуваат длабока пенетрација. Д-р Шетлс ја препорачува кучешката поза. При длабока пенетрација, спермата навлегува подлабоко одноосно поблиску до матката, па машките сперматозоиди треба помалку да патуваат и побрзо ќе пристигнат до созреаната јајце-клетка.

    Како да зачнете женско?
  • Сексуален однос најдоцна до 2-3 дена пред овулација. На паровите кои сакаат да добијат женско, Шетлс им препорачува да практикуваат незаштитен секс најдоцна до 2-3 дена пред овулација. Причината за тоа е што сперматозоидите можат да живеат максимум 6 дена во женските полови органи. Па, додека настапи овулацијата, неиздржливите „машки“ сперматозоиди ќе изумрат и ќе останат само издржливите „женски“ за да ја оплодат јајце-клетката.
  • Жената да не доживее оргазам. Оргазмот ја зголемува алкалноста на средината на вагината, а таа средина е погодна за „машките“ сперматозоиди. Затоа, ако сакате да имате женско, треба да се воздржите од достигнувањето на оргазам.
  • Секс пози за мала пенетрација. Ако сакате да зачнете женско, треба да практикувате пози кои овозможуваат само мала пенетрација. Така спермата ќе навлезе подолу во репродуктивните органи, каде средината е помалку алкална, а тоа е неповолно за „машките“ сперматозоиди. Исто така, спермата треба да помине подолг пат до јајце-клетката, па издржливите „женски“ сперматозоиди ќе имаат поголема предност.


  • Да се потсетиме [sm=bravo.gif][sm=nosecka.gif]




    Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]