Мигрена (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


mami -> Мигрена (29.12.2009 12:20:43)

Мигрената се дефинира како тешка главоболка која може да наруши нечие расудување. Кога ке се појави, пациентот најчесто ги има следниве симптоми:
- главоболка
- вртоглавица
- гадење
- потешкотии со видот

Често болните од мигрена неможат да гледаат во било каков извор на светлина без да почувствуваат силна болка. Мигрената може да биде предизвикана од многу причини.
Се јавува кај деца и возрасни и тоа често неочекувано. Жените почесто страдаат од неа отколку мажите. Може да се појави поради стрес, одредена храна, лоша исхрана или промена на одредени хормони. Исто така и наследноста има влијание, дури и постојат семејства кои чувствуваат напади на мигрена во исти моменти.
Најдобар начин да се справите со мигрената е навреме да се консултирате со својот лекар. Доколку се сомневате дека се работи за мигрена, најверојатно е така, но сепак постојат многу варијанти на терапијата која сепак треба да ја одреди стручно лице. Постојат лекари специјализирани за мигрена и други болки во главата, меѓутоа и вашиот семеен лекар често може да ја дијагностицира мигрената и да понуди тераписки опции.
Најдостапни тераписки опции за брзо олеснување на симптомите на мигрената се аналгетици кои се издаваат без рецепт и кои може да ги купите без посета на лекар. Аспирин, ибупрофен и ацетаминофен се најчесто користени лекови кои можете да ги набавите во повеќето аптеки.




Еца -> RE: Мигрена (29.12.2009 20:24:03)

Татко ми има мигрена, која во наследство ни ја остави и на мене и средната сестра. Кај мене сеуште не е толку изразена, но сестра ми мака мачи[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Нема лек, тоа е.




Mamicka3 -> RE: Мигрена (29.12.2009 21:27:50)

Е вака Еца,и кај мене беше констатирана мигрена и тоа дека нема лек и јас маки мачев ,кога имав толку јаки главоболки несакав едноставно никој да видам па дури  и децата ,од се што пробав ми  мене ни помогнаа само   DOLOREXA апчиња,малку се скапички во однос на другите 500ден - 30 апчиња и се пијат по две наеднаш инаку не делуваат по едно, нека пробаат сите што го имаат истиот проблем мислам дека нема да згрешат.




mami -> RE: Мигрена (30.12.2009 9:33:45)

Постојат и лекови кои се посебно наменети за мигренозни главоболки. Важно е да се напомене дека прекумерна употреба на овие лекови може да предизвика оштетувања на црниот дроб или желудникот. Тие ги олеснуваат болките, но не донесуваат трајно решение.
1. Еден од најлесните начини да ја надминете мигренозната главоболка е да преспиете. Иако тоа нема да ви ја елиминира болката, одмор и релаксација се ефикасен начин да се минимизира или редуцира интензивната болка. Ако сте во можност да легнете и одморите во темна тивка просторија, тоа ке ви овозможи да си ги средите мислите и да го намалите стресот.

2. Испијте малку вода. Еден од симптомите е гадење и повраќање. Ако од водата ви се слоши повеќе пробајте со газиран пијалок.

3. Ставете пакување со мраз на страната на главата каде чувствувате симптоми. Ладното и притисокот ја смируваат болката.

4. Останете во тивка просторија. Гласна бучава ја влошува болката.

5. Зборувајте со вашиот лекар ако сте забележале дека менструалниот циклус ви влијае врз мигрената. Мигрената три пати почесто се јавува кај жени отколку кај мажи. Хормонална терапија може да ги редуцира главоболките.

6. Вежбајте намалување на стресот за да ги редуцирате зачестеноста и тежината на симптомите на мигрената




ripce -> RE: Мигрена (3.1.2010 12:33:50)

Што е Мигрена?
Болката во главата при мигрена најчесто се опишува како интензивна пулсирачка или прободувачка болка во главата. Често е проследена со исклучителна чувствителност на светлина и звук, гадење и повраќање. Мигрената е трипати покарактеристична за жените отоколку за мажите. Некои лица кои страдаат од мигрена можат да ја предвидат бидејки и претходи стадиум на "аура," нарушувања во видот кои се манифестираат преку појава на светлечки линии, цик-цак линии или привремено губење на видот. Луѓето кои страдаат од мигрена многу често добиваат напади на главоболка предизвикани од недостаток на храна или спиење, изложување на силна светлина или хормонални нарушувања (само кај жените). Нервозата, стресот или опуштањето по период на стрес можат да бидат поттикнувачи за појава на мигрена. Многу долго време научниците сметале дека мигрената е поврзана со ширење и стегање на крвните садови во главата. Поновите истражувања укажуваат на тоа дека мигрената се појавува како резултат на наследените неправилности во гените кои ги контролираат активностите на извесни келии во мозокот.

Дали постои некаков третман?
Постојат два начина на третман на главоболка од мигрена со лекови: да се спречат нападите или да се ублажат симптомите во текот на нападите на главоболка. Многу лица со мигрена пристапуваат кон двата начина со тоа што земаат лекови кои во основа се користат против епилепсија и депресија за да ги спречат нападите на главоболка, или се справуваат со нападите со помош на лекарства наречени триптани кои ја ублажуваат болката и повторно го воспоставуваат нормалното функционирање на организмот. Хормонската терапија им помага на некои жени кај кои појавата на мигрена е карактеристична за време на менструалниот циклус. Стратегиите за справување со стресот, како што се вежбите, опуштањето, лечење со биотерапија и други терапии наменети да ја сведат непријатноста од главоболката на минимум, како и да ја спречат зачестеноста и интензитетот на нападите на мигрена.




ripce -> RE: Мигрена (3.1.2010 12:34:12)

Каква е прогнозата?
Земање на комбинација на лекови за спречување и лечење на мигрената им помага на многу лица кои страдаат од напади на мигрена да ги намалат непријатностите кои се резултат на силната главоболка. Жените кај кои појавата на мигрена е поврзана со менструалниот циклус обично немаат големи потешкотии или пак имаат поблаги симптоми на мигрена по завршувањето на циклусот.

Какви истражувања се направени досега?

Истражувачите сметаат дека мигрената претставува резултат на основни невролошки абнормалитети предизвикани од генетски мутации во функционирањето на мозокот. Проучувања на поретки, семејни подвидови на мигрена даваат најеклатантни информации во врска со специфичните гени и она што го прават, или не го прават, кој ја причинува главоболката од мигрена. Со утврдување на сите меѓусебно поврзани биолошки појави кои се одвиваат во мозокот и ја причинуваат мигрената, како и механизмите кои ги управуваат овие појави, им дава можност на истражувачите за развивање и тестирање на нови лекарства кои би можеле да спречат или да прекинат напад на мигрена.




ripce -> RE: Мигрена (4.1.2010 0:18:23)

Исхрана за спречување на мигрена
Научниците сметаат дека мал процент на лица кои страдаат од мигрена можат да имаат корист од програмата за спречување на мигрената која се фокусира исклучиво само на елиминирањето на оние прехрамбени продукти и пијалоци кои предизвикуваат мигрена.
Други пациенти кои страдаат од мигрена можат да си помогнат преку промена на исхраната за да го зголемат нивото на шекер во крвта. Нискиот степен на шекер во крвта, или хипогликемијата може да предизвика главоболка. Оваа состојба обично се јавува при прескокнување на оброк: ноќе, на пример, или кога се прескокнува еден од оброците. Лицата кои се будат наутро со главоболка , можеби страдаат од низок степен на шекер во крвта предизвикано од недостаток на храна во текот на ноќта. Третманот за главоболки предизвикани од ниското количество на шекер во крвта се состои во одредување на помали, но почести оброци на пациентот. Напати се препорачува посебен режим на исхрана за стабилизирање на системот за регулирање на шекер во организмот.




nadica -> RE: Мигрена (4.1.2010 0:33:54)

i jas imam мигрна

пред да останам трудна беше страшно имам лежено на 2 пати во државна на неврологија но нема помин откога останав трудна и сега додека сеуште дојам јас имам главоболки но значително помали од предходно кога пиев и многу терапии само да ми помине сега може да се каже дека се лечам со алтернативна медицина (тивко темно чај ...)

незнам на што се должи сето тоа како што не се знае причината која ги предизвикува болките така не знам ни од што се намалија но знам дека вака ми е многу подобро и се надевам дека и по престанокот со доење нема да се вратат




STRUMFETA -> RE: Мигрена (4.1.2010 1:16:19)

I jas imav nekoj vid na migrena i se javuvase pred da dobijam.Uzasna glavobolka, propratena so povrakanje,namalen vid,vrtoglavici.Navistina strasno.Piev Nomigren apcinja i vednas odev na lekar za pobrza intervencija,nekoja venozna inekcija.




Еца -> RE: Мигрена (8.1.2010 23:47:28)

Веќе неколку години, научниците интензивно ја проучуваат способноста на какаото дека лекува разни болести.  Така, новата студија на стаорци ги пружи првите докази дека какаото може да ги потисне воспаленијата во ганглиите, кои се сметаат дека имаат важна улога во настанувањето на мигрена.

Се чини дека какаото ја намалува активноста на протеините кои се заслужни за формирање на инфламаторни воспаленија, кои последично предизвикуваат мигрена.  Точниот механизам уште не е јасен, а бидејќи оваа студија е пионер во оваа област, потребни се уште дополнителни истражувања кои ќе им помогнат на научниците во разбирање на потеклото на мигрената како и нејзина превенција и лечење.




Еца -> RE: Мигрена (24.1.2010 15:42:11)

Не знам дали ми е мигрена, но главата ќе ми екплодира[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]освен далерон ништо друго не смеам да се напијам. Дајте некој народен лек, помош[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




penelopa -> RE: Мигрена (24.1.2010 15:45:19)

Eca probaj so masaža na delot pod palecot tuka se naoga edna točka...mene mi pomaga. Probaj!




bablgam -> RE: Мигрена (24.1.2010 15:52:16)

I jas od sabajle vece piev analgin matna mi e glavata ne me boli no mi se mati.I jas povremeno imam vrtoglavici pijam B6 ili eventualno diazepam za da mi gi smiri. Eca probaj napravi  jako kafe i istiskaj vo nego limon.Malku e bljak ama nekogas pomaga.




ripce -> RE: Мигрена (9.2.2010 9:10:29)

Од главоболка страдаат сите луѓе, без разлика на годините. Најголемиот број главоболки се функционални, што значи дека се појавуваат при привремено нервно нарушување и не се поврзани со никакви органски промени во мозокот. Главоболката често е опомена што природата ја упатува бидејќи во телото се случува нешто лошо. Но вистинската болка настанува при иритација на нервните завршетоци во мускулите на рамената, вратот и главата. Постојат неколку типови главоболка, а една од нив е мигрената. Мигрената е стара и тешка болест. Во модерните услови на живот почнала да прима алармантни размери и се смета дека денес од мигрената страдаат 10 проценти од светската популација. Мигрената може да се дефинира како пароксматично заболување проследено со жестока главоболка, обично на едната страна од главата. Поврзана е со нарушување во варењето, во црниот дроб и со видот. Обично се случува кога човек е под голем ментален напор. Мигрената е позната како "главоболка со повраќање", бидејќи мачнината и повраќањето повремено се проследени со ужасна болка што трае и до три дена. Мигрената, пред да почне со нападот, обично дава извесно опоменување: црни точки или сјајна цикцак линија се појавува пред очите, или пациентот има заматен вид, или видното поле е делумно замрачено. Кога се јавува нападот, пациентот може да осети тресење, вкочанетост или слабост во рацете или нозете. Според истражувањата, тие што страдаат од мигрена се страсни работници и перфекционисти што сметаат дека мора се да биде веднаш сработено. Кога завршуваат со работа, ненадејно паѓаат од состојбата на привремената напнатост со чувство на врвно олеснување. Тогаш настапува мигрената. Тоа е чист физиолошки процес. Мускулите на главата и на вратот, реагирајќи на непрекинатиот стрес, стануваат напнати од претераната работа. Напрегнатите мускули ги стискаат артериите и го редуцираат дотокот на крв. Кога човекот нагло ќе се отпушти, стегнатите мускули се шират, ширејќи ги и ѕидовите на крвните садови. Со секое отчукување на срцето крвта се пробива низ тие крвни садови, ширејќи ги повеќе и предизвикувајќи неподнослива болка. Кога доаѓа до напад на главоболка, човекот треба во текот на денот да остане на нозе и да работи едноставни работи што не бараат преголема концентрација или да се шета на свеж воздух. Најдобар лек за спречување на главоболка е изградбата на физичката отпорност, низ исхрана што одговара, вежбање и конструктивно размислување. Како прв чекор, пациентот треба да пости. Во текот на постот може да се земаат, 6 пати дневно, сокови од цитронско овошје разредени со обична вода. Со намалување на тежината на варењето, пациентот ќе "заштеди" на нервната енергија, која може да се искористи за многу поважни работи. Крвта и лимфата исто така ќе бидат ослободени од големата тежина. Покрај краткиот пост, исхраната треба да биде умерена. Појадокот треба да се состои од овошје. Ручекот треба да е од протеински продукти - скроб, леб од цели житни зрна, целер, компир, а за вечера - салати од зеленчук. Треба да се одбегнуваат зачини, зелка, мрсни продукти. Пиење чаша со вода во која е измешана една кафена лажица мед наутро на празен стомак е добар лек.




profesorica -> RE: Мигрена (9.2.2010 9:25:16)

месецов почнав да си пијам апче кога ме боли глава




Melanija RR -> RE: Мигрена (19.10.2012 0:10:01)

Не ми е јасно дали моите некогаш зачестени главоболки се мигрен.
Дефинитивно треба да одам на лекар.
Неможам да препознаат зошто во целост ги немам симптомите за мигрена.Некогаш имам покачен притисок некогаш намален.Се обидувам да заприметам што се ми делува за појава на овие главоболки.Некогаш од недоволно течност,друг пат веројатно временски,рефлексија од сонце бидејќи наочарите за гледање што ги носам немаат заштита,малку синуси,некогаш болка и точно кај носот но исклучиво на едното око.
Веќе 5 дена секој ден имам некакви главоболки,еве сабајле во 5 се будам го болење во челото и вратот,масажа и аналгин помина за 30 мин.Но поладне околу 15часот повторно истот.Скоро секогаш кога ме боли глава ми се лоши но не повраќам.Легнав во темница па масажа па аналгин.Еве сега сум супер.

Сакам ова да го елиминирам некако и природно,знаејќи дека во бременост нема да можам да пијам по 2 аналгина во ден [sm=zmeden.gif]




fila -> RE: Мигрена (19.10.2012 9:24:34)

Melanija vo bremenost migrenata isceznuva i ja nema dodeka dois a potoa povtorno se vraka ova e od licno iskustvo




Felly RR -> RE: Мигрена (24.4.2014 17:59:49)

Подолго време имам и јас вакви проблеми, но никогаш не помислував дека е мигрена, се си мислев ми паднал притосокот. Пред извесно време прочепкав малку на интернет(а потоа разговарав и со невролог), и заклучив дека всушност моите главоболки се мигренозни.
Секогаш ми се јавуваат прво визуелни нарушувања - светки пред очите, или црна точка која се движи и ми го попречува видот. Потоа почнува да ме боли главата, и да ми се гади, а зависно од степенот на болка и повраќам. Исто имам трнење на едната страна кое почнува од прстите, па оди нагоре во раката на дури и устата само од едната страна ми трни, и како здрвена ја чувстувам. И обавезно и наредниот ден, чувствувам главоболка која се јавува при нагли движења. Сега почнав да пијам Налгесин форте, и ми помага. Барем болката се намалува, инаку со ништо не ми поминуваше.




vezilka RR -> RE: Мигрена (18.2.2015 14:23:40)

Во понеделникот на пладне ме фати ужасна главоболка. Ме држеше осум часа со ист интензитет. Пиев аналгетици, дури вечета бев и на дежурен каде ми ставија кетонал инекција со дијазепам, ама џабе, ништо не ми помогна. Толкава главоболка во животот не сум имала, страшно нешто. Вчера одма бев по доктори, и ми направија снимање на синуси, врат, и ЕЕГ на глава. Синусите, ок, на што јас се сомневав, а другово катастрофа. Ем дископатија, ем мигена.
Дијагнозава ми е цефалеа мигрена. Јас досега не обрнував внимание на главоболките оти ги поминував без апчиеа, воглавно. Тоа што ми сметаше светло го поврзував со синуси и се погрешно сум поврзала. Мозочната активност ми била дупло од нормалната. Ми дадоа терапија, шест месеци фезам и витамин Е, и амизол, за смирување и мовалис за болка по потреба.





Страница: [1]