Синузит (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


mami -> Синузит (29.12.2009 12:11:00)

Синузит е состојба на воспалени синуси. Воспаление на синусите може да биде резултат на бактериски или вирусни инфекции како и поради алергиски реакции.

Симптоми на синузит вклучуваат синусна главоболка која зафаѓа различни делови од главата, вклучувајќи го и лицето и забите. За време на напад на синузит синусната главоболка може да биде лоцирана на едниот или двата воспалени синуси, но во потешки ситуации се зафатени сите синуси и така предизвикуваат појава на синусна главоболка која се чувствува во пределот на челото помеѓу веѓите, горниот дел на образите и забите, со болки на лицето и страните на носот.
Во ретки потешки случаеви може да се јави болка и зад увото, вратот и врвот на главата. Важно е да се забележат сите симптомина синузит, затоашто многу луѓе мислат дека страдаат од синусна главоболка а всушност станува збор за мигрена.
Ако навистина се работи за синузит ке почувствувате и болка во ткивата околу очите, што ќе резултира со потечени очни капаци и црвени очи.
Покрај тоа може да дојде и до губење на чувството за мирис, заради конгресија на носната слузница.
ПОкрај сите овие симптоми, синузит може да предизвика и треска и кашлица. Кашлицата е најчесто резултат на слевање на секрет од синусите кој ги иритира горните дишни патишта и предизвикува чувство на гребење и надразнување. Синузитот дава и општи симптоми како замор и малаксаност.
Бидејќи во 97% случаи, пациентите кои мислат дека имаат синузит всушност имаат мигрена, многу е важно да се направи разлика меѓу овие две состојби.
Прво, треба да се постави точна дијагноза за да може да се спроведе точна специфична терапија, бидејќи терапијата за синузит нема ефект врз мигрената.
Заради тоа никој не треба да ги зема симптомите на синусна главоболка несериозно, бидејќи може да дојде до ингекција на мозокот.
Затоа е многу важно да се постави навремена и точна дијагноза и терапија на било каков тип главоболка




mami -> RE: Синузит (29.12.2009 12:33:53)

значи синуси се, а болеста официјално во лекарски документ ја пишува како синузит...




ripce -> RE: Синузит (29.12.2009 12:35:36)

Нелекуван синусит води до воспаление на мозокот

Воспалителниот процес во синусните шуплини е долготраен хроничен процес. Кај новороденото се развиени само етмоидалните шуплини, кои овозможуваат комуникација со мозокот. По шестмесечна возраст почнуваат да се развиваат максиларните, во претшколска возраст свеноидалните, а најдоцна во школска возраст фронталните, кои комплетно се оформуваат по 12 години.

Затоа зборуваме за синуситис само по доенечкиот период. Респираторната слузница анатомски и функционално е една целина. Затоа при секоја респираторна инфекција страдаат сите органи на горните дишни патишта. При вирусните инфекции во почетокот се појавува риносинуситис и ринофарингитис. Ако имаме секундарна бактериска суперинфекција, тогаш се развива вистински акутен синуситис што преминува во хроничен.

Синуситисот е многу често воспаление на лигавицата на синусните шуплини во детската возраст. Може да се каже дека е едно од потешките заболувања, поради близината и комуникацијата со мозокот и компликациите што можат да настанат во долните дишни патишта. Во детската возраст постојат услови што помагаат оваа болест да биде почеста и потешка. Тоа се анатомската градба на горните дишни патишта - високото готско непце, девијација на носната преграда, имунолошките дефекти на лигавицата, неподвижни цилии (трепки), ензимски дефицит, вродени цисти, зголемен трет крајник, алергија и честа примена на вазоконстрикторни медикаменти. Сите овие аномалии придонесуваат за нарушена нормална дренажа на синусните секрети и развој на бактериска инфекција. Најчести бактериски причинители на синусните шуплини се стрептококус пневмонија (30 до 40 отсто), хемофилус инфлуенца и брахамела катаралис (20 посто) и многу други бактерии.

Клиничката слика може да има лесен и тежок тек. Лесниот тек е по прележана вирусна инфекција. Симптомите се: погуста секреција од носот, покачена температура до 38 степени, болки во главата, сува или влажна кашлица предимно ноќе. Ако по оваа состојба се појави многу висока температура со нарушена општа состојба, детето е вознемирено со јаки болки во главата и назад на тилот, има оток над синусните шуплини под очите, гнојна содржина во задниот дел од каналот на носот. Сите овие симптоми траат долго време.

Со локален преглед на внатрешноста на носот (риноскопски) се гледа хиперемична и едематозна лигавица со обилен гноен секрет. Дијагнозата најлесно се поставува според клинички и локален наод, потврден со бактериолошка идентификација.

Рендгенолошко испитување нема потреба да се прави, освен ако нема сомнение за некои потешки органски промени (тумори, цисти, полипи и проширен интракранијален воспалителен процес).

Лекувањето на синуситот е комплексно, долготрајно според докажаната бактерија. Во почетокот се даваат пеницилински препарати. Ако во 3-4 дена нема подобрување, се даваат антибиотици со широк спектар. Лекувањето трае 10 до 14 дена. Ако болеста е многу тешка се лекува во болница со високи дози на цефотаксин или цефтриаксон во венска инфузија. Симптоматската терапија е задолжителна за дренажа на секретот со локални медикаменти во првите три-четири дена. Ако е докажана алергична компонента, детето страда од алергична болест на респираторниот систем, тогаш има потреба од задолжително докажување на алергичната компонента и лекување на истата со антиалергична терапија, општо и локално.

Компликациите од нелекување на субакутен или хроничен синусит се гнојно воспаление на мозокот - апсцес, спуштање на инфицираниот секрет во долните дишни патишта со рецидивни бронхити и деформитети на бронхијалниот ѕид до комплетно проширување на бронхите - бронхиектазии и со можно оштетување на белодробното ткиво со локална и дифузна фиброза.






vezilka RR -> RE: Синузит (5.11.2013 10:35:14)

Домашен лек за синуси

Воспалените синуси проследени со затнат нос, тешко дишење и главоболка знае да биде доста често, посебно во постудените денови кои следуваат.


Доколку мислите дека сте пробале сè што сте можеле, а во ништо не сте го пронашле лекот, ви ја предлагаме оваа домашна смеса за која не ви е потребно многу време, ниту пари.

Состојки:

1 мала шолја мед
1 мала шолја сок од лимон
5 до 7 ротквици
1 мал виолетов кромид
6 чешниња лук

Подготовка:

Добро измијте го зеленчукот и излупете го кромидот и лукот. Исечете ги на четвртини и измиксирајте ги во блендер. Додадете ги сите состојки и повторно промешајте. Мешавината претурете ја во тегла и оставете ја во фрижидер.

Користење:

Возрасни лица земаат околу 2 лажици дневно, или повеќе по потреба. За децата препорачлива е максимум 1 лажица дневно. Првите реакции на препаратот ќе ги забележите по само 24 часа.





Палешка РР -> RE: Синусит (17.1.2016 9:46:46)

Еве и од ова заболев [sm=smiley13.gif]

Рино-синусит со гноен секрет. Симптомите ми се: гноен исцедок од нос кој мириса непријатно, се слева во уста предизвикува повраќање, болки до над окото, увото и под увото, оток, подочници, главоболки.
Матичната упорно не ме праќаше на специјалист, ме лечеше со гарамицин им. Примив 10 инекции и не ми помина, па сама си појдов на приватно ОРЛ.
Сега примам друга терапија еве два дена па ќе видиме што ќе биде.

Ве молам доколку некој имал да сподели искуства како се излечил. [sm=zmeden.gif]




deluxe -> RE: Синусит (17.1.2016 11:19:57)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Еве и од ова заболев [sm=smiley13.gif]

Рино-синусит со гноен секрет. Симптомите ми се: гноен исцедок од нос кој мириса непријатно, се слева во уста предизвикува повраќање, болки до над окото, увото и под увото, оток, подочници, главоболки.
Матичната упорно не ме праќаше на специјалист, ме лечеше со гарамицин им. Примив 10 инекции и не ми помина, па сама си појдов на приватно ОРЛ.
Сега примам друга терапија еве два дена па ќе видиме што ќе биде.

Ве молам доколку некој имал да сподели искуства како се излечил. [sm=zmeden.gif]



Primaj si ja prepisanata terapija od specijalistot.Inaku mozes da si pravis inhalacii od kompir{svaren vo voda) i da stois nad pareata.Mene toa edinstveno mi pomaga,vednas cuvstvuvas kako pritisokot od sinusite se namaluva i zapocnuva istekuvanje od sinusite.Za bolkata pijaj paracetamol.




Kvisko -> RE: Синусит (17.1.2016 12:48:44)

Јас имам хроничен проблем со синуси. Ставај прилично солен раствор во носот инпрополис спреј во грло. Помагаат и инхалации со раствоф за инхалирање од аптека (инхалаторот оди со раствор) или инхалации од следнава смеса: шоља зовриена вода со две лажички кантарион, неколку капки јод и едно лажиче морска сол.
Сепак најсигурно е пред антибиотска терапија да се направи антибиограм па да се пие антибиотик по тоа. Сега за тоа ти е касно и се надевам брзо ќе помине.




LoveableMe RR -> RE: Синусит (17.1.2016 14:09:51)

Paleska, спoред мене вaжнo е брис oд нoс и грлo, a пoтoa сooдветен aнтибиoтик. Вaкa џaбе пиеш aнтибиoтик aкo не знaеш дaли и кaквa бaктеријa имaш. Се сoглaсувaм сo Квискo зa прoпoлис и сoленa вoдa, нaвистинa пoмaгaaт. Сo леснo.




Страница: [1]