Спорт - кој и кога? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Да вежбаме заедно



Порака


Боцко -> Спорт - кој и кога? (5.6.2009 0:24:06)

забележувам кај стефан желба во овој период што повеќе време да минува надвор, на отворено. често сме во парк и правиме разни работи. многу сака да ги гледа децата кои учат да играат тенис. исто така, во него има многу енергија и многу, многу сила. но тој има едвај 2 1/2 години. знам дека би било добро енергијата, вишокот правилно да се насочи. но како да се избере вистинскиот спорт. на тенис ми рекоа минимум 4 годин старост. бившиот на жм е џудист, па на шега велиме да го запишеме стефан на џудо, барем тренерот познат ќе ни биде. зет ми се бави со пливање и ватерполо...накратко, би сакал ваше мислење, совет, препорака.




Еца -> RE: Спорт - кој и кога? (5.6.2009 9:04:19)

Боцко, со помош на стручни лица и литература подготвувам токму вакви текстови од која возраст, кој спорт е најдобар, како се одразува врз развојот на детето и многу интересни работи поврзани околу ова прашање. Инаку јас сум порасната со она "ВО здраво тело, здрав дух", бидејќи татко ми беше професор по физичко и спортот ми беше главна преокупација.  Па се надеваме дека ќе успееме да ви помогнеме од која возраст кој спорт е најдобар за вашето дете  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] 




mami -> RE: Спорт - кој и кога? (5.6.2009 9:20:15)

ќе ви кажам само еден пример...кога бев некаде 8 одд одев на базен и тоа во клуб,значи со редовни тренинзи и исхрана и се...е сега, кога почнав да тренирам со нас во базенот имаше едно девојче од 4-5 години..пливаше одлично...низ разни муабети на нејзината со мојата мајка дознав дека девојчето всушност плива од нејзини 2 години...јас сум за пливањето на прво место а птоа се останато..здравје планирам од летово Лука да почнам да го носам во базен, ако ништо друго да нема страв од голема вода




mami -> RE: Спорт - кој и кога? (16.12.2009 9:13:56)

во последно време го забележуваме Лука дека многу добро фрла топка со десното раче, центрира перфектно, не ке да е лошо да проба и ракомет, можеби ке го биде...




niki -> RE: Спорт - кој и кога? (17.1.2010 18:52:20)

На оваа тема во последно време размислувам. Спорт или некаква активност, за да излезе од дома, да биде малку со деца на нејзина возраст, да научи нешто и најглавно да ја разбиеме монотонијата. Но на три години ми се чини тешко па дури и невозможно да го вклучиш детето во некоја групна активност, да слуша и да почитува правила на игра. А можеби се тоа само мои предрасуди или стравови. Инаку шутира топка, фрла со рака, играме тенис со балон, трчаме, но сепак мислам дека сме далеку од тоа да се почне со тренинзи.
Гледајќи ја мојата малечка мислам дека најдобро решение би било некое училиште за танц или балет. Музика и движење и можност за импровизација[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




penelopa -> RE: Спорт - кој и кога? (17.2.2010 15:25:39)

Neznam vo MK, koja televizija prenesuva...jas tuka gledam obično popladne[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Anushka -> RE: Спорт - кој и кога? (17.2.2010 18:02:37)

Инаку, од искуство со моите деца, спортови кои одговараат на возраст:
- Пливање: од 2 год.
- Скијање, сличуги, боречки вештини: од 3 год.
- останатите од 4-5 год., особено спортови со топка.
Сепак, советувам гимнастика и сл. да се почне што покасно.




ripce -> RE: Спорт - кој и кога? (17.2.2010 18:04:23)

Татко му (мм) е проф. по физичко така да не верувам дека нема син ни да се обиде во некој спорт, сепак тоа ќе биде негов избор.




Viktori -> RE: Спорт - кој и кога? (17.5.2011 11:27:45)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

Ne znam dali vakva tema veke postoi, ve molam premestete ako e potrebno.

Dali vo Skopje postojat sportski aktivnosti za pretskolski deca? Na pr, casovi po gimnastika, bazen i sl. Znam za casovi vo Ritam Plus koi pocnuvaat nad 4 godini, igraornata mislam deka e za uste malku pogolemki, karateto isto mislam deka e nad 4-5 god, drugo ne mi paga na pamet.
Bas vikendov gledav epizoda na "John&Kate+8" vo koja decata pocnaa da odat na gimnastika i tolku bese ubava salata so site mozni rekviziti (niski gredi, topki, sungeri) i eden kup treneri koi vnimavaa na decata, i navistina pocnav da gi sozaluvam nasive deca sto nemaat kade da si ja potrosat energijata i kreativno da se izrazat.




Maca25 -> RE: Спорт - кој и кога? (17.5.2011 11:35:39)

кај нас многу тешко за спорт кај мали деца ( од 2-4 години). Како прво немаме базен, немаме сала за вежбање некоја посредена (освен Патризан во карпош, ама не знам во каква состојба е).
И јас ја гледам ќерка ми колку сака да се истрча некаде, да ја потроши енергијата, да биде малку од малку безгрижна без да и викаме не таму, не таму има дупка, и единствено што ни останува е парк, ама времево нешто не ни се погодува.





Viktori -> RE: Спорт - кој и кога? (17.5.2011 11:39:04)

vo partizan vo K4 ima gimnastina, vo skoro site skoli ima kosarka, gimnastika, ako zborime za pretskolska vozrast.
Inaku ima kade da se nosat decata, ama treba nekoj da e sloboden da gi nosi i da sedi tamu so niv.
Vo vrska so kakvi se prostoriite na TV i kaj nas, sporedbava e smesna. Toa e televizija ustvari. Idete u Boris Trajkovski rasprasajte se. Ima super uslovi, isto ko na TV, samo samponcinja ne davaat.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Maca25 -> RE: Спорт - кој и кога? (17.5.2011 11:41:35)

Да, во Борис трајковски може да има, но не верувам дека би имало за толку мали дечиња. Треба цело време некој да стои/трча покрај нив.
А базенов Карпош до каде е? Му се гледа крајот? Се надевам дека ќе биде солидно реновиран, па ќе можеме таму да одиме.




Viktori -> RE: Спорт - кој и кога? (17.5.2011 11:44:04)

zborev za pretskolska vozrast. 2 godini ne e pretskolska vozrast. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

ima razni aktivnosti vo QSI, uciliste sproti bivsata amerikanska ambasada. Tenis kaj aleksandar palas i vo As, grupno i poedinecno.
A ako sakate samo da trosat energija odete vo park i dajte im topka. Nisto ne e potrebno.





Yummy Mammy -> RE: Спорт - кој и кога? (17.5.2011 12:03:23)

Za mene se sto ne odi vo skolo e pretskolska vozrast [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Mislam deka decata treba sto porano da pocnat da se ucat da se socijaliziraat i igrata da im bide strukturirana. Topka i park sepak ne e dovolno. Nad 3 godini veke mislam deka moze da se pocne so plivanje, gimnastika, fudbal, tenis... ne ocekuvam deka dete na 3 god ke zamavne so reketot kako Djokovic [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] tuku vo grupa ucat da si podavaat, da ja sledat topkata, da ja odnesat do odredeno mesto... sepak se ucat na pravila vo grupa, disciplina, avtoritet.

Za letovo park ne ni bega, no za od esen razmisluvam da probame so plivanje i/ili gimnastika (togas ke ima nepolni 3) cisto za pravilno da i se razviva teloto i da stekne navika i novi drugarcinja, pa, zdravje koga ke potporasne ke izrazi zelba sto ponatamu.

Samo kade plivanje i gimnastika?!?! Ima li nekoj licno iskustvo, nesto konkretno?!




podarok -> RE: Спорт - кој и кога? (17.5.2011 12:29:03)

Нашето искуство со пливањето на постариот е кога наполни 4 год, се вративме од море и пробавме на Олимписки. Девојката беше супер што работеше со дечињата но проблемот беше висината на 4 годишно дете. Во нај плиткото нему му беше до уши. Одевме месец дена и тоа дури во групата имаше негов врсник дојден од Америка. Кога другарчето замина наидовме на невиден отпор, навистина сите деца беа од 6 па нагоре. Сеодкажавме да не направивме контра ефект. Се обидовме дури по две години и тоа во училиштето Димитар Миладинов, старо Браќа Рибар. Резултатите се пре добри. Оди веќе две години и сега имаме друг проблем го надраснавме базенот па мислиме од јуни да видиме повторно во Олимписки. Инаку за овие две год. му се поправија и градите од мене наследи да има поиспакнат граден кош, не се ни познава веќе. 




miana -> RE: Спорт - кој и кога? (28.11.2011 11:21:58)

Cekam kerkami uste malce da prkne i seriozno razmilsuvanm da ja zapisam ili na klasicen balet ili na latino amerikanski tanci ( ritam plus) Plivanjeto mi e isto na listata,no plivanjevo ke ni bide samo za da naucime da pliivame ( ne da se bavime so toa seriozno) Isto taka ako ima zelba bi ja pratila i na casovi po klavir ( no ako saka -jas kako mala mnogu sakav a nemav moznost pa takada ako saka ke i go pruzam i ova) Inaku ke polni 4 godini uste nepoln mesec...Za plivanje mislam deka moze od 5 god pa nagore




kikicka -> RE: Спорт - кој и кога? (28.11.2011 14:32:56)

ММ е фудбалер и не планирам да ја правам фудбалерка освен ако не сака она ,инаку со мм викавме тенис бидејќи убав спорт е башка и јас доста време играв тенис.




Mihaela 2010 -> RE: Спорт - кој и кога? (11.5.2012 9:59:10)

Nie uste sme mali,ama seriozno razmisluvam koga ke porasne da ja zapisam na tenis...mislam deka za devojce ubav sport e toa...eventualno ako taa projavi nekoja zelba za drugo..




JovanaJ -> RE: Спорт - кој и кога? (11.5.2012 10:15:21)

Spored ortopedite so sport ne treba da se forsiraat deca pod 4 godini. Za nekoi sportovi duri se preporacuva pogolema vozrast obicno skolska nad 6-7. Pricinata za ova bila deka se optovaruval skeletniot sistem i se javuvale deformacii i bolki na tolku mala vozrast, e sega nekoj ke rece demek da se druzi ili da steknuva naviki a ne i da vezba intenzivno ama toa e veke ambicioznost na roditelot i isto moze da predizvika kontra efekt na prezasitenost ili nezainteresiranost koga deteto ke treba navistina da pocne pravilno , vistinski da sportuva (ova vtorovo e moe mislenje [sm=smiley1.gif]). Edinsveno od ova otstapuva gimnastikata koja moze da pocna da se vezba i od 4 godini.
Nie vo Septemvri ke se zapisuvame na karate. Se nadevam deka ke mu se dopadne bidejki ima zelba za toa. Ke pocneme taka pa posle normalno sam ke se nasocuva kon ona vo sto najmnogu ke se pronajde.
I mnogu mi se dopaga plivanjeto, samo sto kaj nas nema konstantno dobri uslovi za toa. Sekoja sezona nesto fali po bazenive pa se zatvaraat -otvaraat. Se nadevam deka veke situacijata pocnuva da se menuva. Plivanjeto mi e idealen sport za teloto. [sm=smiley1.gif]




Maca25 -> RE: Спорт - кој и кога? (2.9.2012 8:45:41)

Сакаме да ја запишеме Н. во ритам плус сега од септември. Има 3,5 години, сака на карате, ама мислам дека е многу мала за карате, па во ритам плус ќе може да си се изнаскока поштено. Имате искуство? Или некоја идеја за некој спорт за 3,5 годишно дете?




Bilence2 -> RE: Спорт - кој и кога? (5.9.2012 11:25:10)

Se slozuvam so jovanaj, gimnastika e edinstven sport za taa vozrast, no iskreno povredite koi moze da nastanat me preplasuvaat. Sin mi na mesec pred da napolni 5 goo odnesovme na karate, no koga vide deka prvo se zagrevaat trcaat niz sala, pravat vezbi pa tek posle ucat del od vezba se razocara i ni iskomentira deka ne dosol toj da trca tuku dosol karate da igra, se otkaza. I trenerot samiot kaza deka do 5 godini ne se spremni da vnimavaat i da postapuvaat kako sto trenerot ke kaze. Zatoa ne treba da se forsiraat decata sto porano bidejki ne se spremni za takva disciplina i pokornost kakva sto e potrebna. Vozenje tocak, pesacenje, sutiranje topka vo park e sosema dovolno, a vo zima imame x-box pa taka trosime energija. Sega ima 6, taka sto ke probame na karate povtorno.




Maca25 -> RE: Спорт - кој и кога? (17.9.2012 19:33:09)

Денес Н. почна да оди на танцување во Ритам Плус. Како за прв час добро се покажа, со оглед на тоа што е најмала во групата. Планирам да оди до крајот на месецот, уште 3 часа, па ќе видиме дали ќе сака да остане и понатаму таму во таа група. Првиот час им траеше околу 40 мин. и Н. беше пресреќна што е таму.




Barbicki2 -> RE: Спорт - кој и кога? (17.9.2012 22:45:01)

a kolku godini ima?ovde neznam od kolku god primaat,inaku i jas sakam na tanc da odat,i jas odev.




Yummy Mammy -> RE: Спорт - кој и кога? (18.9.2012 9:18:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Денес Н. почна да оди на танцување во Ритам Плус. Како за прв час добро се покажа, со оглед на тоа што е најмала во групата. Планирам да оди до крајот на месецот, уште 3 часа, па ќе видиме дали ќе сака да остане и понатаму таму во таа група. Првиот час им траеше околу 40 мин. и Н. беше пресреќна што е таму.


Kolku se plaka i koj im e instruktor? Dali ti sedis so nea vnatre ili se vrakas posle casot da ja zemes? Uste se tamu dole kaj Pestaloci, neli?




vezilka RR -> RE: Спорт - кој и кога? (18.9.2012 10:20:14)

Внука ми исто неделава почна со часови по танцување во Break a leg. Има четири ипол години и е пресреќна на часовите. Цела е ќефови, па дома ми ги покажува вежбите и го тера Никола и тој да ги повторува [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>