Anushka -> RE: Бесплатно зачувување на матични клетки (21.12.2009 8:16:50)
|
е, на таа тема вчера на А1 требаше да го дадат моето интервју, а тие СРАМ ДА ИМ Е, се испосекоа од изјавата, ставија една реченица вон контекст... кажав: дека ДА, навистина е ептен скапо, ама како човек кога купува возило, тој го зима да биде што посигурно. Не за да прави сообраќајки, нели тоа ни на крај памет не му паѓа, ами да биде посигурен при возењето. Така и со сочувување на матичните клетки. Процесот на подигање на едно дете не е реверзибилен процес, во смисол штетата во образованието, во воспитувањето, во здравјто, немо`е да се поправи, туку треба да се делува ПРЕВЕНТИВНО. па, ако како родител вложуваме могу во образованието (англиски, балет, карате, пиано и сл.), како ќе се оправдаме во еден момент дека не сме вложиле и во таа здравствена превентива. Иако, кај нас финансиите се пресудни, сепак, родители кои можеле да соберат сили и одвојат средства, требале да го направат тоа. Мислам дека и Владата треба да почне да размислува во павец на партиципирање во овој трошок, на ниво на Буџет. Сепак, здрава нација за една држава значи и помалку трошоци за целото општество.
|
|
|
|