| 
				  Regina ->  RE: кутија на спомени  (27.12.2012 14:37:58)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   И јас планирам на мојата малечка да и ги чувам позначајните работи во кутија на спомени, сега сум во потрага по соодветна кутија, деновиве кога ќе имам време ќе разгледам и ќе купам некоја, но сакам да е убава, украсна. Мислев јас да и направам со украсна хартија да и обложам обична кутија, но се откажав од идејата. Инаку во неа за сега ќе и ги ставам сликите од ехо, бројчето од болница, папочето, новогодишните честитки кои ги доби, јас моите честитки сеуште ги чувам и баш прекрасно е чуството кога ги разгледуваш и се сеќаваш какви честитки имало пред 10-15 па и повеќе години. Па натаму ќе ги чуваме и другите позначајни работи. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |