AnnaMolly RR -> RE: радосница (3.7.2011 15:38:11)
|
Јас испоставав се во радосницата. И пишувам дополнителни работи, не запишувам само тоа што е таму понудено. На пример, пишав кога прв пат го шишавме, на која возраст што знае да прави, што правеше за роденденот, во што е ист како мене, а во што на татко му... Сега му печатам слики за да исполепам, за спомен. Ги залепив и сликите од ехо. Ќе му ги одвојам сите работи што му биле први, првите чорапчиња што ги купив за да му кажам на мм дека сум бремена, прво тропалце, цуцла лажалка, омилените играчки како бебе и се друго што ќе му биде значаен спомен кога ќе порасне. Ќе ги ставам во една голема кутија. Ќе ги изрежам сите видео клипови што сме ги снимале пред да наполни 1 година и сите слики. За секоја година посебно планирам така да му правам. И друго ќе ми текне сигурно! Многу сакам да си има најразлични спомени кога ќе порасне!
|
|
|
|