Заборавено парче од постелката (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


mami -> Заборавено парче од постелката (2.6.2009 15:06:58)

Трудници немој да ми се лутите или да се исплашите од темава ама тоа е реалност- се почесто им се случува на нашиве доктори откако ке ве породат да не ја прегледаат убаво постелката и често забораваат по некое парче во нас кое подоцна предизвикува сепса и разнииииии проблеми...јас лично најмногу се плашев од ова и од епизиотомијата и среќа се помина како што треба.И што многу ме изнервира е ехо прегледот што демек го прават во болница- отидивме сите жени топтан во просторијата, гужва, нервоза, топло(јуни месец) и една докторка која ехото го држеше цели 2 секунди на мене..не сум доктор ама мислам дека треба да се погледне поубаво за да се воочи дали има нешто заборавено




mis. -> RE: заборавено парче од постелката (2.6.2009 21:07:03)

Мами оваа е дефинитивно моја тема.Со втората бременост ја имав таа "чест"да заборават дел од постелката внатре.Во болница бев 5 дена и таму ме гледаа на ехо и навистина точно 1 сек бидејќи после мене чекаше една пациентка која беше по препорака на докторот кој гледаше на ехо па да не чека пријатека му мене ме помина од рака набрзина и ми кажа дека се е ок но .......Дома кога си дојдов качив температура и патронажната не даде многу значење на тоа.Веќе на 15 ден после породувањето нагло почнав да крварам мислев раната ќе ми пукне кај што бев шиена.Толку обилно што некако и конците почнаа да пукаат и да опаѓаат.Не знам може и му дошло ред да опаднат.Почна и непријатно да мириса а и бојата почна да ја менува кон потемно.Како трула вишна стана.Немав никакви болки но веднаш отидов во породилиштето и истиот доктор кој ме гледаше на ехо беше на смена и не сакаше да ме прими бараше да одам кај матичниот.По многу молење ме прими ме прегледа вагинално и веднаш му стана јасно а и на ехото се виде се.Веднаш ми закажа наредниот ден киретажа и да си ја оправда грешката ги откажа сите обврски кој ги имаше и точно во 8 беше долу да ме прими.сето тоа беше со целосна анестезија,ништо не осетив а и после тоа немав никакви болки но морав доста да одмарам.Грешки се случуваат но затоа гледаат на ехо да се исправи на време.Не оти овој гинекологот на порагај го поравдувам туку тоа е.




mami -> RE: заборавено парче од постелката (2.6.2009 23:21:26)

да да јасно ми е како одат тие работи, затоа ја почнав темава...познавам девојка која работи во породилиштето кадешто се пораѓаше и ја пораѓаше колега и и заборави парче..па мислам кога на колега, со кого се гр=леда секој ден ке му направи нешто такво, што останува за нас обичните смртници[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
јас незнам од каде собрав толку сила, кога сестрата го викна докторот да ја прегледа постелката се исправив- како да знам што треба да видам, а појма немам- и дури го препрашав, се ли е во ред, се е надвор? и само ми упати еден нервозен поглед и ми рече - да се е тука и толку беше после не се сеќавам, малку сум им се изгубила едно пола саат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ама со инфузијата ме вратија во нормала




mis. -> RE: заборавено парче од постелката (2.6.2009 23:28:45)

Па со првата бременост гинекологот ме претисна за стомак почуствував контракции и како од пушка излезе постелкаѕта и после др ја броеше.Мислам дека се 10 дела.А за второво не ме претисна туку ми ја повлече и затоа изгледа влечејќе ја скинал а и не ги броеше деловите туку веднаш ги стави во една црна вреќе.Помислив да му кажам зошто не ги броеше ама си викам немој да ми се развика па се надевам си ја знаат они работата ама излезе спротивното.




Tanja K. -> RE: заборавено парче од постелката (30.8.2009 20:22:04)

И кај мене откако се породив и ми ја извадија постелката видоа дека не е цела односно дека е дефектна постелка.Но благодарение на мојот доктор што ме породи др.Стојоски веднас целосна анестезија и се завршиле како што треба.Па дури и шиењето било под анестезија,како што сакав јас.




mami -> RE: заборавено парче од постелката (2.9.2009 10:32:20)

значи неможам да си се изначудам.ете сега повторно читав за заборавено парче..па дали тие доктори размислуваат дека имаат човечки живот во своите раце?или совеста им умира кога ке ја земат дипломата?




profesorica -> RE: заборавено парче од постелката (2.9.2009 10:40:59)

Јас многу се плашам од овие работи.Јас кога се породов и видов како изгледаа таа постелка не ми беше јасно што гледаа и што чепкаа ама рекоа дека е цела демек и после не ме ни гледаа на ехо.Среќа стрварно била цела излезена инаку јас не сум ни знаела за киретажата.А ова испаѓа колку помалце знаеш толку подобро.А па од царски рез па колку ми е страв.Тоа може и друго да ти заборават, недај боже.




evgenija -> RE: заборавено парче од постелката (5.9.2009 10:57:09)

mislam deka ova mi bese postrasno i od samoto raganje- kako ke izleze, pa dali ke bide cela, pa kako ke me sijat...sreka nemase nisto, a da imase misalm deka ke go ubiev toj sto me poragase




srekna mama -> RE: заборавено парче од постелката (5.9.2009 11:03:57)

е мене не ми се одлепи цела постелка ,па мораа да ми прават ревизија на матка,мислам рачно,но под анестезијачпа фала му на Бога се беше и се е во ред





jaca -> RE: заборавено парче од постелката (31.1.2010 16:47:46)

мене докторот сам ми ја извади постелката рачно затоа што никако не сакаше да падне,била залепена на преден ѕид на матката и немав проблем.не бев излезена од болница а крварењето после второто шиење драстично ми се намали исто како кога имам менструација и крварев само две и пол недели.господ го видов кога ми ја вадеше на постелката.за породувањето немав толку мака колку со постелката,се отворив за 3 и пол саати и за 3 мин се породив без провокации примав инекции во инфузијата за да ми се намалат болките.болките ми беа кратки ама многу јаки отидов отворена 1 прст




Страница: [1]