| 
	   
	    | 
		    
			  | Bethany ->  RE: Споредување на децата  (8.11.2012 11:34:07) |  
			  | 
 
 ИЗВОРНА ПОРАКА:  mami2 
 
 Споредувањето може да го мобилизира родителот да преземе активност доколку примети нешто, но сум против споредбите на децата да направат фрустрација од непостигнувањето на нешто и форсирање на развојот на детето.
 
 
 Се сложувам потполно.
 
 Мене ме нервираат коментари типа: родителот кажува на дете: види го тој нпр.Марко, колку е умен и добар, а ти си толку лош. Тоа ми е тотално безвезе. Наместо да има ефект што родителите посакуваат, да и нивно биде умно и добро, тоа е всушност контра ефект. Фактички му ставаш до знаење на своето дете дека тоа другото ти е подобро и некако го омаловажуваш своето. Јас тоа многу мразев кај моите или кај моите блиски со нивните деца, гледам дека со времето децата баш и стануваат такви какви што не треба. Од инает ми се чини. Треба да го поттикнуваме да бидат умни и добри, ама не со наведување примери и споредување со друго дете.
 
 Белки е и овој коментар во склоп на темата за споредување, а? [sm=smiley1.gif]
 
 |   
	          | 
 |  |  |