Пивски квасец (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


mami -> Пивски квасец (10.12.2009 14:01:42)

НАЈДОБАР ПРИРОДЕН ИЗВОР НА ВИТАМИН Б.
За многумина пивскиот квасец е единствено познат како состојка за производство на пиво.
Денес медицината го признава како најдобар природен извор на витамините од Б комплексот, кои како такви најдобро се абсорбираат во организмот. И не само тоа.
Пивскиот квасец во себе крие богатство на супстанции корисни за организмот и тоа протеини, јагленохидрати, минерали и витамини.

Како се добива? Сувиот пивски квасец  се добива при производството на пиво, преку процесот на изолација и сушeње. Тој се состои од суви клетки на квасната габа saccromiceti servisia која лесно се искористува во организмот.Се карактеризира со висока содржина на протеини и аминокиселини кои се неопходни за природен раст, развој и регенерација на ткивата и органите.
Како дејствува? Сувиот пивски квасец  содржи четири основни елементи:
- Селен: го забавува стареењето на клетките
- Хром: штити од дијабетес и инфаркт
- Глутамин: ја подобрува елиминацијата на штетните материи
- Нуклеински киселини; за одржување здрави телесни клетки

Сепак најважна карактеристика на сувиот пивски квасец е неговата висока содржина на витамините од Б групата (Б1, Б2, Б6, биотин, ниацин), кои го регенерираат нервниот систем, ја подобруваат функцијата на црниот дроб и ја помагаат правилната работа на срцето. Пивскиот квасец е одличен пријател во борбата против анемијата и го подобрува имунитетот на организмот.
Позитивното делување на пивскиот квасец  се забележува и во следните случаи:
- Артериосклероза
- Физичка и ментална исцрпеност
- Го подобрува апетитот посебно кај децата
- Го намалува нивото на шеќер и мастите во крвта поради што се препорачува на лица со диабетис
- Ја подобрувас дигестијата, ги одстранува мачнината и тежината во стомакот - Ја смалува напнатоста и нервозата
- Со своето природно антибиотско дејство го неутрализира штетното делување на бактериите

Пивскиот квасец во козметиката

Пивскиот квасец делува и на вашата убавина. Богатството на витамини ја храни кожата, го спречува нејзиното прекумерно сушење и го регенерира епидермот. Пивскиот квасец има и детоксификационо својство. Тој ја прави кожата здрава и сјајна, но помага и во лекување на акните, егземите, воспаленијата и инфекциите. Благодарение на извонредниот витамински состав, пивскиот квасец  го подобрува квалитетот на косата и ноктите и го забрзува нивниот раст и регенерација.
Затоа велиме дека пивскиот квасец  е за здравје и убавина. Освен како додаток во исхраната, од сувиот пивски квасец во правможете да направите и маска за лице која има повеќекратно позитивно дејство на кожата.
Таа се подготвува на следниот начин:

Помешајте една лажица пивски квасец  со малку вода или чај од камилица и нанесете на лицето и деколтето.
Оставете ја маската да дејствува 15-20 минути и исчистете го лицето со млака вода.
Во зависност од типот на кожата можете да додадете павлака, жолчка или малку мед. 
Тој е еден од најдобрите диететски суплементи кој ќе Ви помогне во борбата против анемија и слаб имунитет.
Неговата примена е мошне едноставна. Измешајте една лажица пивски квасец во прав  со 250-300мл. јогурт, кисело млеко или соино млеко и засладете по желба со некој од природните засладувачи (нерафиниран кафеав шеќер Мусковадо, мед, малтекс, маџун - гроздов слад, лецимед, јаворов сируп).
Со тоа ќе добиете вкусен и здрав оброк кој ќе Ве снабди со богатство од витамини и енергија. Пивскиот квасец во прав можете да го додадете и во варива или супи.
Препорачана дневна доза изнесува 2 супени лажици за возрасни, а за деца 1 кафена лажичка Пивскиот квасец се препорачува за секого како дневен додаток во исхраната кој повеќекратно ќе ја подобри хранливоста на оброкот. Затоа секојдневното консумирање пивски квасец нека Ви биде корисна навика чии позитивни ефекти врз здравјето со сигурност нема да изостанат.

 





Еца -> RE: Пивски квасец (10.12.2009 14:15:08)

Јас за пивскиот квасец знам уште како дете.Мајка ми го пиеше и се уште го пие. Иако има 62 години лицето и е неверојатно убаво, а не знае што е крема против брчки. Го пие 20 години, а сега почнал и татко ми да го пие. Според неа нема никакви негативни ефекти, само пофални зборови. Па затоа и јас почнав да си го пијам.




profesorica -> RE: Пивски квасец (10.12.2009 14:17:08)

сум слушнала дека е корисно но не сум пробала.има на виталија така???




arh_diz -> RE: Пивски квасец (10.12.2009 14:18:04)

Mene licno ne mi se dopaga voopsto . Tuka se koristi letno vreme za osvezuvanje .




Еца -> RE: Пивски квасец (10.12.2009 14:21:10)

Јас ги купувам од аптека, рефус 100 таблети 80 денари. Се пијат 3 по 2 и вкусот не го ни осеќаш, а по одредено време и ќе се навикнеш. Ништо страшно.




arh_diz -> RE: Пивски квасец (10.12.2009 14:24:29)

Ovde se prodava kako sok ama ima nekoj specificen vkus




mami -> RE: Пивски квасец (10.12.2009 14:28:17)

Арх_диз..тоа таму не е исто со овие таблетки, нив тоа им е напиток, и они се навикнати, исто како кај нас бозата што е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




arh_diz -> RE: Пивски квасец (10.12.2009 14:32:09)

ama oni toa go vikaat pivski kvasec a tabletite kako se vikaat




mami -> RE: Пивски квасец (10.12.2009 14:39:16)

да да знам..ама овде е друго, пивскиот квасец може да се најде во форма на таблети или во прав..тој во прав може да се користи и како напиток да го приготвиш и како маска за лице
јас порано многу често си правев маски, треба пак да си смучкам некоја




delfinka -> RE: Пивски квасец (11.12.2009 0:08:43)

Eca majkati kako go primenuva,go pie ziv ili preku tabletki?




profesorica -> RE: Пивски квасец (11.12.2009 9:33:45)

значи да си земам таблетки.луѓе ова на своја рака зимате или во консултација со некој доктор?

за прашокот ок можам з амаска да го пробам но за таблетките[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mami -> RE: Пивски квасец (11.12.2009 9:36:49)

тоа е природен препарат, исто како да земаш некое овошје или зеленчук, не ти треба рецепта од лекар.
Сепак првиот пат биди повнимателна, да не телото ти појави некоја реакција иако до сега не сум слушнала за такво нешто




profesorica -> RE: Пивски квасец (11.12.2009 11:25:46)

треба да ги прочешлам убаво информацииве за пивскиот квасец па да го земам.




matushka -> RE: Пивски квасец (11.12.2009 13:58:33)

jas pijam pivski kvasec vo tableto, tri pati na den po 2 tableti, go zajaknuva imunitetot ija cisti kozata na liceto. Vi go preporacuvam na site




Викторија -> RE: Пивски квасец (11.12.2009 23:25:50)

јас имам проблем со ноктите поради недостаток на Б витамин па докторот покрај другата терапија ми каза да пијам и пивски квасец ама поради тоа сто го отворал апетитот него земав.исто така некаде процитав дека ја нормализирал тврдата столица.па ако мози вие стого земате дами казите како кај вас делува.




Еца -> RE: Пивски квасец (11.12.2009 23:29:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: delfinka

Eca majkati kako go primenuva,go pie ziv ili preku tabletki?


пие таблети 3 пати по 2 како што кажав 20 години веќе и за нејзините 62 години има прекрасно лице.Шала на страна за кожата се идеални, а и за коса се добари.




Весна -> RE: Пивски квасец (12.12.2009 1:11:22)

Сите по дома го пиевме пред едно 4-5 години. Јас го пиев поради ослабнат имунитет и никако не можев да го поднесам. Ми се лошеше од него, дури до повраќање, а на моите ептен им годеше. Сите што го пиеле позитивно им делувал, а мене ете не :(




profesorica -> RE: Пивски квасец (12.12.2009 12:12:16)

3 пати на ден по 2 таблетки а????
а колку кошта и го има ли во зегин???




mami -> RE: Пивски квасец (12.12.2009 12:17:55)

Го имаш во сите поголеми маркети, мислам дека го видов и во тинексот кај вас...Јас планирам да си земам после кога ке одиме накај град, таман ке застанеме до СП да земеме уште нешто  за дома па и тоа 




ostoun -> RE: Пивски квасец (12.12.2009 12:19:48)

Јас пиев едно време дермабион од крка па потоа не можев да ги најдам и зедов од овие со пивски квасец ама на нив пишуваше не се сеќавам точно дека дозата е 3 пати по 6 таблети?[sm=smiley13.gif] Па треба желудникот да се наполни само со таблети. Јас пиев по една или две а кога ги допив прекинав да ги користам зашто не видов некој ефект од нив .Потоа си најдов пак дермабион ама тогаш доев а на нив прочитавдека не треба да се користат во тој период ми останаа дома,




mami -> RE: Пивски квасец (12.12.2009 12:21:49)

Остоун мислам дека погрешно си го разбрала - три пати по две таблети ете ти ги 6 дневно... Секој организам е различен, немора да значи дека кај сите исто делуваат




Еца -> RE: Пивски квасец (12.12.2009 12:29:02)

првите ефекти од пивскиот квасец ќе се забележат дури по 3 месеци користење, дали било за опаѓање на косата или освежување на кожата. 




profesorica -> RE: Пивски квасец (15.12.2009 15:40:39)

јас почнав да го пијам ама ова е по една таблета на ден.




mami -> RE: Пивски квасец (15.12.2009 15:51:42)

изгледа дека секој производител различно...јас земав од тинекс вчера, незнам од кој таму, и на опаковката пишува 2- 3 пати дневно по 5 апчиња, а малечки се како Бекомплексот што се, ама пак, 5 се многу..па си земав по 3, па ке видиме




ostoun -> RE: Пивски квасец (16.12.2009 0:46:17)

Ti kazav i jas mami ovie sto gi kupiv jas bea germanski i pisuvase 3 pati 6 sigurna sum




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>