ripce -> RE: Ароматерапија (7.12.2009 19:29:56)
|
Преглед на етеричните масла групирани според основните терапевтски својства - Намалување на болка предизвикуваат: бергамот, џумбир, лаванда, мајоран, мелиса, римска камилица и рузмарин.
- Антидепресивно дејство имаат: бергамот, камилица, иванско цвеќе, гераниум, јасмин, лаванда, мелиса, дероли, ружино дрво, кедар, јиланг-јиланг, сандал, портокал.
- Антивоспалително делуваат: бергамот, камилица, еукалиптус, мелиса, мента, иванско цвеќе, сандал.
- Антисептици се: сите ароматични масла, во помала или поголема мерка делуваат антисептички. Сепак најефикасни се: бергамот, еукалиптус, боровница, лаванда, рузмарин, сандал, цимет.
- Бактериостатски ефект имаат: баргамот, еукалиптус, боровница, лаванда, рузмарин.
- Антивирусно делување имаат: лимон, лаванда, гераниум, бибер и еукалиптус.
- Фунгицидно дејство (за лекување на габични заболувања) имаат: лаванда, мирта, гераниум, лимон.
- Заврзано заздравување на рани: бергамот, камилица, лаванда, мирта и чајевац.
- Дуиретици: камилица, кедар, чемпрес, темјан, гераниум, боровница, рузмарин, сандал, бергамот.
- Подобрување на варењето: бибер, нероли, џумбир, боровница, лаванда, лимон, мандарина, мајоран, нане, камилица, рузмарин.
- Седативно (смирувачко) дејство: камилица, лаванда, нероли, мајоран, јиланг-јиланг, чемпрес, боровница, бергамот, темјан, мелиса, рузмарин, иванско цвеќе, нерли и сандал.
- На снижување на крвниот притисок делуваат: лимон, лаванда, мајоран, мелиса, иванско цвеќе, јиланг-јиланг.
- На покачување на крвниот притисок делуваат: рузмарин, иванско цвеќе, изоп.
- Равнотежата на хормоните ја регулираат: нероли, иванско цвеќе, чемпрес, лаванда, лимон, бор, камилица, сандал, гераниум.
- Регенерацијата ја поттикнуваат повеќето ароматични масла, а особено: лаванда, мирта и темјан.
- Тонизирачки делуваат (го зајакнуваат организмот или некои негови органи): босилок, бибер, камилица, темјан, гераниум, боровница, лаванда, мајоран, мирта, мелиса, нероли.
- Стимулативно дејство (ја зголемуваат општата активност на организмот или на поедини органи): бибер, еукалиптус, гераниум, мента, рузмарин, нероли, џумбир, мелиса, камилица, јиланг-јиланг.
- Ја намалуваат телесната температура: бергамонт, камилица, еукалиптус, мелиса, чаевец и мента.
- Ја смируваат кашлицата: сандал, лаванда, темјан, бор, елка, гераниум.
- Го зајакнуват нервниот систем: камилица, лаванда, мајоран, мелиса, румарин и изоп.
- Го зајакнуваат имунитетот: лавнда, чаевец и повеќето други ароматични масла.
- Ја зголемуваат мисловната активност: босилок, рузмарин, мента, лимон и бергамонт.
|
|
|
|