haley -> RE: Каква гарнитура користите во вашата дневна соба (1.12.2009 2:44:07)
|
Мојата е црна кожа некаков среден квалитет , не баш удобно за лежење ама со перница кај наслонувачите за рака , иде некако. Ние намерно не купивме некој поасолен поквалитетна кожа мебел зошто планиравме деца.. и сега еве криво ми е ради таа одлука. Не друго, кога ли ќе се наканиме да промениме кон нешто подобро ..[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Но препорачувам само кожа и ништо друго не би земала . Од две причини: не собира прашина , едноставно нема прашина никогаш. Друга причина, една од најважните: што и да ти се истури немаш Гајле! само сунѓерче или марамица и нема никогаш ни дамка ни да мозгаш како да исчистиш.. ниту мирис од нешто .. уживанција.. Пред некој ден цуцлата на бебето мислев дека е малку одвртена у ствари не беше и јас фино истурив млеко кое за секунд го исчистив. Другиот ден, не знам како нешто се местев себе па бебе и си го истурив капучиното. Да е текстил можам да замислам како ќе морав да чистам чистам плус ќе се натопеше со 200мл врело кафе кое сепак смрди.. Така да ,кожа за мене е измислена. Ова секако не важи за мајки кои се ептен пазливи ем сакаат да чистат нонстоп. :))
|
|
|
|