| 
				  Felly RR ->  RE: Чудотворни продукти  (18.9.2014 16:48:48)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Соле а како да ја најдам габата/кефирните зрнца? Имам читано за кефирот, а еве и еден текст од Дневник.      Kефирот е ферментирана млечна напивка со киселкаво-освежувачки вкус со лесна нота на свеж квасец, кој се добива со помош на култура од кефир или кефирни зрнца. Се смета дека потекнува од Kавказ и дека е стар и до 1.000 години. Жителите на Kавказ се познати по својата долговечност и добро здравје, живеат речиси без болести, што се припишува на нивното секојдневно и неограничено консумирање кефир. Kултурата на кефирот ја нарекуваат и кефирна габа, но кефирните зрнца не се габи.      Kефирните зрнца, кои по изгледот потсетуваат на варен карфиол, по составот се мешавина од белковини, аминокиселини, липиди и топливи полисахариди и содржат симбиоза меѓу големиот број добри, млечно-кисели бактерии, оцетни бактерии и видови квасец. Зрнцата кефир се хранат и се размножуваат во млекото и немаат рок на траење, можат да живеат вечно. Многу обиди на микробиолозите кефирните зрнца да ги произведат во лабораторија упорно завршуваат со неуспех. Прашањето од кај дошле и како настанале остануваат без научен одговор.      Kефирните зрнца може да се добијат од некој што веќе ги има и веќе сам прави кефир дома.      ПОЗИТИВНИ ДЕЈСТВА      На кефирот му се препишуваат многу позитивни дејства при голем број болести и болни состојби, меѓу другото:   * Дејствува како најсилно средство против алергии и интолеранција на храна;   * Дејствува како природен антибиотик;   * Ги намалува воспалителните болести, како што се ревма и артритис;   * Го зајакнува имунитетот и го забрзува заздравувањето на телото; * Ги подобрува варењето и правилното искористување на нутриентите од храната;   * Лекува цревни болести, синдром на иритабилно црево, пролив, запек, подуеност;   * Помага при болести на желудникот, како што се гастритис и чир на желудник;   * Го чисти и го детоксифицира телото;   * Ја подобрува функцијата на црниот дроб и дејствува против жолчните каменчиња;   * Помага при срцеви заболувања;   * Ги намалува шеќерот во крвта, високиот крвен притисок и високите маснотии во крвта (триглицеридите);   * Ги лекува габичните заболувања;   * Помага во запирање на растењето на малигните клетки;   * Го нормализира метаболизмот и со тоа помага во губење на прекумерната телесна тежина;   * Помага при несоница и при депресија;   * Против несоница и депресија;   * Kорисен е при бронхитис и при астма;   * Помага при псоријаза и при егзема. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |