| 
				  pacuvce ->  RE: Мажот и романтиката  (5.1.2010 22:15:29)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   За да им олесниме на мажите при дилемата за тоа што жените сметаат дека е романтичен поклон,на почетокот да расчистиме со една работа - во најголем број на случаеви, она што е скапо, не е и романтично! Романтичноста на подарокот, жените повеќе го мерат во вложениот труд и време. Најважното нешто при подарокот е да се размисли и да се подари она што жената некогаш кажала дека и се допаѓа. Ако таа веќе напоменала дека нешто не сака, а мажот тоа не  го слушнал, без разлика на цената - подарокот ќе биде вистинско промашување!      Некои од идеалните романтични идеи за поклон за новогодишните и божиќните празници кои мажите би можеле да ги земат во предвид се:      - Романтично патување. Без разлика дали се работи за патување за викенд или подолго, повеќето жени се воодушевуваат на ваквите 'подароци'.      - Накит. Речиси сите жени сакаат накит, но тоа не мора да значи дека и вашата девојка сака. Сепак, накиот како идеа за подарок важи за мнозинството на жени. Пробајте да одберете нешто во нејзин стил и вкус.      - Подговтвете и целосна вечера. Започнете од вечера која вие ќе ја зготвите, а ќе биде нешто што таа мноогу го сака, потоа понудете и релаксиран разговор во вашиот двор, спална или дневна соба со чаша вино и специјално одбрани мали задоволста, низ кои ќе и пружите добро конципирана масажа, а потоа вечерта ќе продолжи во свој правец. Таа секако ќе го цени и награди вашиот труд да организирате нешто толку романтично.      - Карти за претстава, концерт или кино се многу романтични идеи.         - Било што, но со посвета. Многу жени ќе се сложат со моментот дека посветата понекогаш повеќе им вреди од самиот подарок. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |