Mila mamicka -> RE: Разгалено дете (24.11.2014 11:36:07)
|
Воопшто не се согласувам дека бабите и дедовците се тие што ги разгалуваат децата. Сметам дека родителите се тие кои треба да ги постават границите, а бабите и дедовците да ги почитуваат. Можеби мислам така затоа што бабите и дедовците ми се погодија разбрани луѓе, а богами и синчето. Син ми е прво внуче од двете страни, прва радост за двете фамилии. Уште пред да се роди, со мм често разговаравме дека не смееме да дозволиме тие да го разгалат син ни. Така и бидна. Кога син ми имаше 10 месеци, тргнав на работа и го оставив да го чуваат свекор ми и свекрва ми. Претходно се договоривме сите како ќе го воспитуваме и кои граници ќе му ги поставиме. И сите го почитуваме тоа. Син ми не е разгалено дете, не му е се дозволено, туку точно си знае до каде може да оди. Кога јас или мм го караме, бабите и дедовците молчат. Досега не ми се случило да се треска од земја за нешто, или да удира по нас, или да ми плаче во маркет да му се купи нешто и сл. Е сега, да не излезе дека детево ми е совршено, има и тој некои жолти минути, ама за среќа, ретко, и тогаш со свртување на неговото внимание на друго нешто, пак успевам да си го истерам своето.
|
|
|
|