Промена на основно училиште во 7мо одделение. (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


LunaSyrene -> Промена на основно училиште во 7мо одделение. (8.11.2018 21:24:55)

Бидејќи моето дете во моментот учи во катастрофално училиште, каде е под постојан психички притисок од одредени наставници. Каде е редовно е обесправувано, стигматизирано и оценките му се неправедни постојано, од истите наставници.

На пример на тестови со точни задачи добива 2ки и 3ки, затоа што наставникот си претпоставува дека некој му ги диктирал одговорите по телефон или препишувал. По други предмети при поправка на оценки не му се внесени новите поправени оценки.

Детето пати од социјална анксиозност, ментална состојба која буквално го парализира при зборување пред луѓе, но наставниците наместо да помогнат во решавање на проблемот, само го продлабочуваат. Неговата тивкост си ја имаат врзано во крпче како незнаење, и детето и кога покажува знаење, на тестови, веднаш сметаат дека препишувал и му ја намалуваат оценката.

Сакаме да го преместиме во друго основно училиште на територијата на Карпош или Центар. Ме интересираат училишта каде има посветени наставници, не ме интересира каде има најмногу 5ки, само каде има нормални, психички и ментално здрави наставници. Кои не оценуваат по претпоставки туку по знаење и вложен труд, и кои се трудат околу децата навистина, а не кои ги интересира само да шлапнат оценка и кои се ситат и малтретираат мирни и повлечени деца.

Детето во моментот е 7мо одделение.




Страница: [1]