Anonimen -> Што кога деловниот партнер ќе се заљуби во вас? (23.1.2016 13:16:31)
|
Ја отворам оваа тема за да чујам ваши мислења околу проблемов што ми тежи на глава. Членка сум тука, но со својот ник не можам да пишам, па морам анонимно. Мажена сум и имам две деца, вработена и колку што се може среќна. На работа соработувам со многу луѓе и компании, работата ми е таква. Со некои од нив се слушам и секојдневно и по неколку пати на ден. Има еден средовечен човек на 57 години кој е меѓу луѓето со кои нашата фирма има поинтензивна соработка. Контакт лице за него сум јас. Човекот е навистина професионалец, услужлив, чесен, добар. Ми помогнал многу пати кога сум била во густо, некогаш и ме советувал пријателски. Но сета таа секојдневна соработка и обврзаноста меѓу нашите фирми со договори и услуги, тој почна пред извесно време да ја злоупотребува. Почна да се јавува без потреба, да пишува не службени мејлови (да те прашам како си, дали си денес добра...) и да ме контактира и после работно време каооо нешто итно. Почнав да чувствувам дека човеков почнува да се затрескува во мене и почнав да не кревам секогаш телефон, да не одговарам на мејлови. Тој наместо да се повлече - ми изјави љубов. ?! Буквално и отворено ми кажа дека е заљубен во мене и дека не крие дека би сакал да бидеме интимни. Мислам стварно стварно се замрзнав. Ни на крај на памет не ми паѓа дека може маж пред своите 60-ти да треси вакви глупости. Значи не можам да ви опишам колку ми е надвор од памет сето ова. Со која храброст ми го рече ова? Со кој памет? Помина време додека се освестив од шокот...повторно го одбегнував и тоа многу очигледно. И бидејќи мораме да соработуваме, мораме да разговараме и разменуваме мејлови, документи, совети. Сето тоа го сведов на минимум само и само да сфати дека не постојат ама баш никакви шанси за тоа што го замислил. Почна да ми пишува љубовни писма на кои не одговарав. Ако не одговорев пишуваше друг мејл само и само да добие некаков одговор. Се случуваше да ми пише и 10 мејлови и на ниеден да не добие одговор, само на службениот. Му имам кажано дека апсолутно не сум заинтересирана за него и да се откаже од таа глупава замисла дека нешто ќе биде. Ама тој можел да чекал и ќе се надевал... Ама тоа негово чекање значи пишување 100 мејлови, јавување без потреба итн. А јас не можам да проценам дали мејлот е приватен или службен без да го отворам...и така читам се и тоа многу ме замара и ме нервира, од контакт ме вади. Не можам ни да знам дали службено ме бара, па морам да одговорам...се снајдувам дека сум во гужва, на состанок итн. но ова е веќе претерано...Навистина многу ми се качува на глава и многу е неразбран и иако му имам сто пати кажано да се откачи од мене и дека нема шанса уште 2 животи да живее нема ништо да биде. Човеков нит се вреѓа, нит разбира ни ништо. Не знам како да го откачам, притисоков ми го крева 200. Помагајте [sm=smiley19.gif]
|
|
|
|