Hopeful RR -> RE: Лекарски грешки,погрешни дијагнози...како реагирате? (13.1.2016 20:02:34)
|
Од матичната сме задоволно сега за сега, не сака од одма антибиотици, а не не ни откачува тек така со муабет ништо не е. Кога беа настинати, не прати на крвна слика за секој случај, па после не пушти само со витЦ. Моето разочарување е од клиника, кога имаа само 20 дена, на Ј му се појави крварење во пелените, и тоа траеше 2-3 дена. Се фатија празници, матичната ни рече најверојатно ништо, но ако ви е шубе отидете на дежурен на клиника. По сто испитувања, крвна слика, СОНДА ВО ГАЗЕ на хирургија (замислете, на 20 дневно бебе му бутнаа сонда, душа не здоболе), ни рекоа дека мора да лежиме. И им викаме - ама како, две се, двете цицаат, не може јас со едното да лежам, ни одговорија - ваш проблем, што сакате правете. Бебето има недостиг од витК, мора да лежи. Нас не фати таква паника, не знаевме што со себе. Сва среќа се најде една сестра од мајка родена што не тргна на страна и ни рече - никако да лежите, ќе закачите тука нешто. Одете си дома, ако нешто се влоши, секако ќе ве примиме. Бапнаа инјекција витК, и после контролата во Систина излезе дека и тоа е вишок, бидејќи Ј едноставно се напнува кога кака и има нежна кожа па пукаат капилари. Скроз сум разочарана од неонатологија, скроз.
|
|
|
|