Мизчкото реално мега шоу “На иста адреса” (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие >> Уметност



Порака


Melanija RR -> Мизчкото реално мега шоу “На иста адреса” (19.10.2015 20:01:55)

Започна најголемиот музички настан во Македонија од 1990 smile emoticon
Шоуто започна. Повеќе нема тајни.
Сите учесници познати.
Прекрасни млади успешни ликови, спремни да си ги одмерат силите на музичкиот мегдан наречен – На иста адреса.
Два тима одлични пејачи под надзор на своите вокал професори Андријана Јаневска и Анета Качуркова, од денес па во наредните 100 дена ќе се борат за своето најсјајно место на македонското музичко небо.

Конечно, во наредните 100 дена сите ќе имаме можност да уживаме со исклучително македонски музички ,,производи”:) Одлични македонски изведувачи со право ќе влезат на голема врата на македонската музичка сцена! Им држиме среќа на сите што поуспешно да ни се претстават, а ние сите заедно ќе уживаме во нивната музичка мајсторија! Браво за сите!


Извор:
На иста адреса ФБ
===================

[sm=smiley1.gif] нешта ново нешто НАШЕ

Во тек сте, гледате?Јас нешто фатив ама вечер се надевам ќе погледнам повеќе[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Мизчкото реално мега шоу “На иста адреса” (20.10.2015 9:37:32)

Ако не прочитав овде немаше да знам, обично не сум во тек, а и не гледам вакви работи, ама ако ме заинтересира може и ќе загледам, секако зимава треба некоја занимација пред ТВ. Кажете на која ТВ е, кое време, кој ден, ако ми одговара терминот да видам за што се работи




sandriana RR -> RE: Мизчкото реално мега шоу “На иста адреса” (20.10.2015 10:16:28)

На Алфа Тв, од 20 и 30 до 22 часот, + во текот на денот има куси прегледи на денот.
Ги загледав од почеток, и секоја вечер ги зиркам - ама се уште немам изградено став ниту фаворит.
Но, во секој случај е за поздравување проектот да се направи вакво македонско шоу, доволно е од бркање слава по соседството. Само, прашање е колку после ова шоу ќе се води грижа за кариерата на овие деца.
Ептен ми е ќеиф моментот со изборот на професорките по пеење, особено Анета Качуркова, што повторно јавно се ангажира.




AneLav RR -> RE: Мизчкото реално мега шоу “На иста адреса” (20.10.2015 21:56:56)

Се ми е веќе некако ископирано веќе видено.Еве вечерва го видов прв пат ама некако не ме заинтересира многу.Повеќе нема ништо оргинално само глупи копии и слични реални шоуа.Аман нека ни ја вратат старата програма.




Страница: [1]