jana81 -> Жртви на алкохолизмот (1.7.2015 0:03:25)
|
Понесена од една денешна расправија, ја отварам оваа тема во врска со алкохолизмот. Дали имате проблем во потесното семејство илли блиски пријатели кои имаат проблем со алкохолизам и колку сте го осетиле тоа на свој грб? Како би помогнале на некого да се оттараси од тој порок? Еве јас ке ја изнесам мојата приказна, а воедно да слушнам Ваши мислења и совети во врска со оваа тема. Се работи за мојот татко, кој како минуваат годините, пие се почесто, и го фаќа од 2-3 чаши ракија. Проблемот е во тоа што кога ќе се напие психички малтретира. се нешто не му е погодено, сите му сметаат, а пак ако му се спротивставиќ, оди па го слушај. Уќќте како дете, се сеќавам на кавгите со мајка ми, зборењето, навредувањето. Ние сме четири деца, и цел живот ќутиме, молчиме, се со цел да нема кавги и нервози. Всушност тој и затоа прави така, затоа што сите попуштаме. Кога не пие е сосем друг човек, најнормално си функционираме, си разговараме, се смееме. Ама кога ќе се напие како ѓаволот да влегол во него. Од сите тие стресови, јас денес на 34 год. веќе имам проблем со здравјето, проблеми со тироидната жлезда, панични напади и анксиозност. Најголемиот проблем е што не признава дека има проблем. Незнам колку пати со убаво му кажуваме и ние и мајка ми дека со тоа само не нервира сите, ни задава маки, и при секој раговор з атоа вели дека ќе престане да пие, секогаш иста прикаска. Има проблеми и со здравјето, ама џабе, тој е веќе зависен од алкохол и не го сфаќа сериозно проблемот. Најмногу ми е криво за мајка ми, таа е секогаш тука за нас, да балансира, да не сослуша, да помогне, а на крајот таа најмногу трпи. Несака ни да слушне да го напушти, да фрли во вода се она што стварале 35 години заедно. Денес ја прели чашата со тоа што сакаше син ми и внук ми да ги водел на лулашки со кола под дејство на алкохол. Имавме една сочна кавга, па морав да одам на брза помош да смирувам притисок и тахикардија. Ужас невиден. Има ли спас од тоа чудо, има ли? Давајте памет, совети, не сум свесна веќе сто да направиме. Со арно не бива, со лошо ич, уште по бајачки да почнам да одам[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
|
|
|
|