|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Анемија за време на бременост
7.10.2009 9:37:12   
Adrijana
Jas imam pisano pogore, togas hemoglobinot mi bese 102, pa doktorkata mi prepisa oligogal Fe, gi piev cel mesec i koga se proveriv pak mi se bese kacil na 109. Sega se testirav pred dve nedeli, i pak hemoglobinot opadnat ovoj pat na 105, i mi prepisa nekoi drugi apcinja so Fe da zemam, ama ne gi zemav, pocnav da go pijam bas ovoj sok sto ste go pisuvale, so cveklo, morkovi i limon, pa ke vidime.

_____________________________



(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Анемија за време на бременост
7.10.2009 9:41:52   
mami
и не заборавај витамин Ц нели за полесно да се врзе железото

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Анемија за време на бременост
7.10.2009 23:33:36   
Весна
Еве некојси рецепт за зајакнување на крвта којшто мама ми еве во ниедно време ми се јави да ми го каже: рендано цвекло, рендано јаболко, цеден лимон и мед. А веројатно веќе и го знаете, ама како сок.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Анемија за време на бременост
7.10.2009 23:39:57   
mis.
За подобрување на крвната слика купете си семе од коприва од билна аптека и користете го како додаток,зачин или било како во исхраната.Поради копривата ништо не пиев во бременоста бидејќи крвната слика ми беше супер.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Анемија за време на бременост
8.10.2009 8:35:31   
mami
аууу и мене ми даваа нешто такво- семе од коприва со мед помешано...уф, гадно, едвај изедов едн тегла и неможев повеке, одвратно ми бешеuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Анемија за време на бременост
8.10.2009 8:45:49   
Mamicka3
За оние на  кои им е паднат хемоглобинот слободно нека пробаат да јадат леќа што почесто ќе ја видите разликата. 

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Анемија за време на бременост
8.10.2009 8:46:26   
mis.
Мами ова не беше со мед туку тревка во вид на ситни зрнца паковано во кесенце.Баш на него пишува семе од коприва.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Анемија за време на бременост
8.10.2009 8:52:37   
mami
да да знам како се продава, ама мајка ми ми го ставаше во мед, демек поздраво било, ма колку сака нека е здраво кога ми е гадно за јадење нема да умирам за едно железо..

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Анемија за време на бременост
2.11.2009 11:24:11   
Saturn
Првата бременост кон крајот и јас пиев Тотема, не ми претставуваше проблем на желудникот ама забите ми поцрнеа. Мислам не беа буквално црни туку таму каде схто се допираат два заба некако си се таложеше и железото и 4 дена пред да се породам бев и на забар да ми ги исчистат. А оваа бременост пак некако на долна граница ми падна хемогобинот (железо секогаш имам во доволни количини, дури и премногу) и одбив тотема и пијам Фероглобин. Само нешто ми е сомнително. И првиот пат  кога ми беше паднат хемоглобинот на две места вадев крв во размак од една недела и имаше различни резултати, дури количината на железото беше на висока граница (ни многу железо не е на арно) 25,6. А сега повторно во рок од 10тина дена на две места имам сосема различни резултати прво во Систина ми излезе 101 (што е премалку, ама ми беше сомнително бидејќи претходно (пред 3 недели) ми беше 113 и почнав да пијам Фероглобин уште од тогаш. И направив за 10 дена (после тоа во Систина) на поликлиника и ми покажа 122, со 18 железо, а немав пиено или зимано нешто дополнително за хемоглобин.
Многу ме нервира што се добиваат вакви различни податоци од различни места. Не е само за крв и за други работи е така во нашево здравство. Од каде да знам јас кое е точно, од каде да знам кој ортопед е во право, од каде да знам кој педијатар е во право, сите знаат да кажуваат различни работи, препораки и совети. Еден ми збори едно друг друго, секој убеден во своето и поради тоа мора да висиш на инртернет и да се правиш квази медицинар да видиш што и како се прави во светот за да донесеш одлука, и секако да се водиш по сопствена интуиција.
А да не правам муабет што мои блиски на еден гинеколог имаат и ХПВ вирус и Цин 2-3 а на друг гинеколог имаат сосема чисти резултати, без ништо.
Но ова е за отварање друга тема.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Анемија за време на бременост
2.11.2009 15:36:41   
alex_mo
    Сатурн,јас веќе подолго време пред да останам бремена имав проблеми со железото и затоа сега ќе имам голема разлика меѓу децата.Еден куп доктори ми поставуваа ралични дијагнози на анемија,началничката натрансфузиологија ми препиша 5-врсти витамини+железо и сето ова постојано да го земам 6 месеци.Јас го земав 7 ,апоследите 2 месеци на контролите железото ненормално ми паѓаше дури на 3,а со лекови.Отидов на клиника ,ми се погоди некоја докторка која ми рече да земам само олиговитамини и гајле да немам ,таа ги пиела веке 25 години.Јас незадоволна ,а уште понезадоволен мојот матичен др кој ми закажа кој доктор Стојановиќ на клиника(хематологија).Отидов кај него ,еден постар доктор кој само ме гушна како да сум му нешто свое и ми рече се да фрлам,да не правам контроли 3 месеци и после ако имам проблем да го барам.На контролите по 3 месеци и сите наради крвта ми беше супер.......Еве и јас незнам што да мислам....Ми рече и дека слободно можам да останам бремена и дека нема да имам проблем.И навистина хемоглобинот ми се движи од 110 до 105-солидно и супер се чувствувам....

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Анемија за време на бременост
11.11.2009 13:09:20   
Палешка РР
Ќе може некој да ми објасни дали ми е добра крвта и дали ми е високо нивото на леукоцити?user posted image  Неможам да чекам до петок. user posted image

Леукоцити 9.2
Еритроцити 4.25
Тромбоцити 171
Хемоглобин 11.9
Глукоза во крв 4.5
Серумско железо 14.4

Ова ми беше сомнително user posted image , останатите вредности се во граници на нормала.



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Анемија за време на бременост
11.11.2009 13:28:36   
mami
леле никогаш не сум ги знаела ова вредностиве..нема нешто на нет да се прочепка?ај кке пробам да најдам нешто..

< Поракaта ја уредил mami -- 11.11.2009 13:34:55 >

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Анемија за време на бременост
11.11.2009 13:33:54   
mother 29
јас нешто се разбирам ама не за сигурно,па да не ти стварам сомнеж....ајде срекна мама каде си?!!таа е нашиот доктор?!!

инаку серумското железо ти е суперuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Анемија за време на бременост
11.11.2009 14:02:17   
Палешка РР
Сега прашав доктор, се е супер само малку се покачени леукоцитите, може да е мало воспаление на заб или грло. Ништо страшно рече. Ух, малку се ослободив user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Анемија за време на бременост
11.11.2009 14:03:37   
mami
ајде сега, немој да ми стануваш паничарка, не те знаеме за такваuser posted image уште малку и после бебушката ке си ја гледамеuser posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Анемија за време на бременост
11.11.2009 14:07:37   
Палешка РР
Па доста ги мрднував мм и мајка ми user posted image  user posted image  user posted image
Еххххххххх, кооолку само си ја сакам РР заради позитивната енергија! user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Анемија за време на бременост
26.12.2009 16:39:17   
gvenda
vcera pravev krvna slika ona od prst i rezultatite uzas inaku sum 20 nedela

leukociti 13
eritrociti 3,74
hemoglobin 109
i mi kazaa da pijam sirup legofer i toa mene mi e strav za leukocitite isto i pred eden mesec koa bev bolna mi bea tolku
neznam dali e normalno toa za trudnica znam samo deka asocira na infekcija
Ve molam za sovet

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Анемија за време на бременост
26.12.2009 17:44:05   
Еца
гвенда па може да си преладена или некоја мала инфекција, не се многу високи, ама пак консултација со гинеколог обавезно, и пиши што ти кажал докторот.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот gvenda)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Анемија за време на бременост
28.12.2009 15:28:55   
profesorica
Ниското ниво на хемоглобин кој го пренесува кислородот низ вашето тело, предизвикува анемија или недостиг од железо-што е вообичаена појава во бременоста.

Поради тоа треба често да се проверува крвта.

симтоми на анемија се: замор, бледа кожа, слабост, главоболка.

Може ли да се спречи???

Секако...на вашето тело му е потребно добволно количество на железо а извори се: црвено месо, риба, црвен грав, спанаќ, интегрален леб и житарки, ѓумбир.



лечење:

Ако тестовите за крв ви покажат дека сте анемични, најверојатно ќе ви препишат лекови со железо.но не земајте ги без консултација со својот гинеколог. Највообичаен едект од земање железо е запекот.

Дали анемијата е опасна?


Може да осеќате замор, недостиг на воздух и вртоглавица.




< Поракaта ја уредил profesorica -- 28.12.2009 15:30:54 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Анемија за време на бременост
15.1.2010 11:21:40   
caci20
Veke ne znam kako da se boram so anemijata, po poroduvanjeto e uste poloso

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Анемија за време на бременост
15.1.2010 13:45:40   
alex_mo
  Цаци20,многу ги фалат и многу помагале Feroglobin капсули мислам дека се околу 500 ден,и јас требаше да ги пијам,ама си направив еден експиримент.Шумливи таблети Железо+витаминЦ(во Зегин се 63ден)после јадење,заедно со една капсула Pregnacare и за месец ми се покачи хемоглобинот за 10 единици(101-111).Инаку со сигурност ке ти помогне семе од коприва измешано со мед.Колку можеш толку јади на ден.И јас имав проблеми со анемија пред бременоста и мислам дека ова со медот ме извелче

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Анемија за време на бременост
15.1.2010 14:13:13   
penelopa
Јас цел живот имам проблем со анемија, посебно со железото..последно ми препорачаа да јадам мед насабајле...гледам колку можам редовно да јадам плус дополнително зимам таблети Centrum materna- ми ги препорачаа дека се најдобри посебно за трудници или тие што се подготвуваат да зачнат.

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Анемија за време на бременост
23.1.2010 20:26:07   
Sandric
Ми дадоа легофер да пијам и ц витамин почна да ми паѓа железота а и хемоглобинот ми е под долна граница а тек сум 16 недела, ехеее уште колку имаuser posted image

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Анемија за време на бременост
24.1.2010 17:27:27   
Iv14
I jas sum cel zivot so anemija...zelezoto mi e sekogas na dolna granica. Sega vo bremenosta mi e uste poloso. prvite meseci bev na granica, ama serumskoto zelezo mi bese dobro, pa ne piev nisto od lekovi...ama pred 1 mesec mi padna na 99, mi prepisaa totema ampuli, gi piev 10 dena, i mi se podobri na 104. potoa prodolziv so feroglobin kapsuli (iako priznavam ne bas redovno) ama nemase bas nekoi rezultati. Minatata nedela mi bese HGB 103 i site lekari sto me vidoa od ginekolog, transfuziolog i sestri po ambulantive (posto primam kleksan inekcii i odam na bockanje po 100 lekari)  me prasaa kako mi e krvta i kolku mi  e hemoglobinot, izgleda deka premnogu sum bleda :) Mi rekoa obavezno da pijam totema ampuli, so 2 C vitamina dnevno i da vnimavam na ishranata. Da vi kazam pravo, malku me isplasija, deka ke mi bilo mnogu tesko da se oparavam posle poroduvanjeto. inaku sum 35 nedela i nemam bas mnogu vreme za podobruvanje na krvnata slika. Ako znaete nekoj lek za epten brzo postignuvanje na rezultati - pisete :)

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Анемија за време на бременост
24.1.2010 17:49:22   
niki
И јас бев со сличен хемоглобин ко тебе па баш лесно се породив и уште веднаш се опоравив. Баш те исплашиле. Мој совет е да пиеш што ти препорачале и да јадеш многу месо, внатрешни органи, житарки, суво овошје, цвекло...Незнам за брзи резултати, но месец дена имаш до породување што и не е баш малку. И само опуштено, без страв и секирации.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Iv14)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Najubavo masko ime?
SandraRo

Koe vi e najubavo masko ime?

Mihail (66%)

Todor (12%)

Ilija (22%)


Број на сите гласови: 153

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!