Rajna.vojvoda -> DISCUS HERNIA и Бременост (15.8.2014 17:52:30)
|
Рингерајки Дали некоја од Вас имала дискус херниа пред и за време на бременост и како ја поминала бременоста. Во последно време бидејки планирам бременост доста читам за оваа состојба и бременост и од се што успеав да прочитам главни заклучоци ми се дека - после 4 ти или 5 месец препорачливо е мирување - самата состојба на рбетот и бременоста се ризични за мајката -порагајот се препорачува да е со царски рез и тоа со општа анестезија , бидејки епидурална и спинална се контраиндицирани - пред бременост е препорачливо да се зајакне мускулатурата , што јас некако си го одложувам [sm=smiley13.gif] еве нешто повеке за состојбата Дискус хернија - Вклештување на рбетот Оштетувањата на дисковите на пршлените кајчесто настанува при кревање на голем товар од земја-со телото свиткано кон напред. Кај наглите движења од овој тип доаѓа до туркање на дискот кон назад и дури до... Нашиот рбетен столб се состои од 33 пршлени и 23 меѓупршленски дискови. Тие делуваат како зглобни тела, го овозможуваат движењето на рбетот, го спречуваат директниот меѓусебен контакт на пршлените, ја овозможуваат еластичноста на телото и низ нив поминуваат нервите од рбетниот мозок. Дисковите се многу еластични и прилагодливи. Градени се во облик на шупливи прстени ник кои поминува рбетниот мозок. Имаат два дела - надворешен, цврст дел и внатрешен помек слој. Оштетувањата на дисковите на пршлените кајчесто настанува при кревање на голем товар од земја-со телото свиткано кон напред. Кај наглите движења од овој тип доаѓа до туркање на дискот кон назад и дури до негово излегување од лежиштето-а со тоа и до вклештување на пршлените , појава на силна болка, укоченост и трпнење во грбот.
|
|
|
|