Bitolcanka -> RE: Никогаш задоволна жена (25.12.2009 23:19:22)
|
Се пронајдов во категоријата "никогаш задоволна жена", во мојот случај - девојка [sm=smiley36.gif] Речиси секогаш се нешто ми фали за да изгледам подобро, поубаво ... Често кога ќе направам нешто, да завршам некоја задача (приватно, на професионален план, зададена од друг, лично од мене) во себеси се критикувам, убедувајќи се дека можев да го направам подобро, можев повеќе, можев побрзо ... Во човечката природа е да се стремиме кон повеќе, подобро, поубаво... Кога не би било така не би имало смисла и нашето постоење. Во секој случај за се има и полошо, гледано од аспект на животот: бедни, болни лица... Што да речат тие? Со малку се среќни, задоволни, за разлика од нас. До пред извесно време во секоја несреќа, секој лош исход-завршеток го гледав само лошото. Сега обратно е - во секое зло гледам добро, макар тоа да е и само ситница. Секогаш на секоја завршена работа гледам на тоа како целина, но повеќе позитивното. Во секоја несреќа наоѓам макар и трошка среќа, велејќи си: "СЕКОЕ ЛОШО ЗА ДОБРО Е, ШТО И ДА Е, ЌЕ ПОМИНЕ" (извадок од песна на Владо Јаневски). Затоа женски, бидете горди на себе, бидете свои ... тогаш за личноста покрај вас и луѓето околу вас сте СОВРШЕНИ [sm=metulj.gif] [sm=bravo.gif]
|
|
|
|