Прскање на водењакот (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


mummy in love -> Прскање на водењакот (16.1.2014 12:25:45)

Здраво на сите мамички,

Би ве замолила да ми кажете како изгледа прскањето на водењакот.
Денес при мокрење како да осетив поголемо количество на течност како нагло да излезе од мене, меѓутоа не сум 100% сигурна од каде излезе течноста. Целата забуна доаѓа од тоа што во тој момент многу се напрегав (заради тоа што патам од тврда столица [sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif]) и не знам дали се работи за пукнат водењак или пак нагло излезена урина. [sm=zmeden.gif]
Дали би можеле да ми кажете какво е тоа чувтство и како ќе знам дали се работи за пукнат водењак или е само обична урина.

Ви благодарам!




Bethany -> RE: Прскање на водењакот (16.1.2014 13:18:44)

mummy in love, јас можам само да ти кажам дека кога би ти прснал водењак сто посто би знаела дека тоа е тоа, нема да бидеш несигурна што се случило, бидејќи е тоа навистина големо количество вода.
Сепак мислам дека е можно водењакот да напрсне од горната страна и водата полека да истекнува, малку по малку.
Мислам дека тоа кај тебе не е случај, ама сепак ти најдобро знаеш, ако нешто те загрижува и понатаму обавезно јави се на гинекологот/ отиди на преглед.
Со лесно [sm=smiley1.gif]




Страница: [1]