Melanija RR -> Божиќ :пред или по Нова година? (25.12.2013 17:50:49)
|
Иако уште пред четириесет и четири години МПЦ донела одлука за враќање на Божик пред Нова година, но македонските православни христијани се уште го слават раѓањето Христово тринаесет дена подоцна од сите. Значи, броејќи од денес, од денот што го празнува целиот христијански свет - освен Руската, Српската и Грузиската православна црква, заедно со Ерусалимската патријаршија и манастирите на Света Гора - нашиот Исус Христос ќе се роди тринаесет дена подоцна од неговото вистинско раѓање! Во Синодот велат дека таква одлука навистина е донесена есента 1969 година и никогаш и не е повлечена ниту, пак, со некаква нова одлука е ставена вон сила. Имено, речиси сите православни цркви го имаат прифатено реформираниот јулијански календар, кој речиси е идентичен со грегоријанскиот, таканаречен граѓански календар. Единствено Руската, Српската и Ерусалимската православна црква, вклучително и нашата МПЦ, се уште цврсто се држат до стариот јулијанскиот календар. Извор:Дневник ========================================================================== Кое е вашето мислење (неполитичко) во врска со тоа кога треба да се слави Божиќ?Дали да треба да с епочитува старата традиција или да го прославува ,, светскиот,, Божиќ? Ние не се прашуваме но можеме да си коментираме
|
|
|
|