Повелете на хуманитарна дружба на Мама`с и Рингераја (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Хуманост



Порака


Палешка РР -> Повелете на хуманитарна дружба на Мама`с и Рингераја (17.12.2013 20:23:19)

Со задоволство ве покануваме на хуманитарниот настан на МАМАС, македонски традиционални рецепти и семејниот интернет медиум Рингераја, во соработка со здружението Во мојот свет, на 21-ви декември (сабота) во игротека Тиквичка во Карпош 4 од 12 до 13.30 часот.

Во прекрасниот амбиент на игротеката Тиквичка, со звуците на прекрасна детска музика и аниматорките кои ќе го развеселат и разиграат секое детенце, дојдете да направиме мустаќи од ајварче на Mama`s и да се заблажиме со вкусните слатка.

Предновогодишниот настан ќе биде отворен за сите оние кои што сакаат да дегустираат, да се дружат и да го поздрават овој хуман подвиг.



Дојдете да се забавуваме и нашите другарчиња да ги израдуваме!

МАМАС несебично ќе додели 25 пакети со зимница на социјално загрозените семејства со деца со аутизам.

Сите посетители можат исто така да дадат свој допринос во хуманитарната акција.

Преку заедничка дружба да помогнеме на оние кои што им е најпотребна помошта!

Ве очекуваме,

МАМАС

Рингераја.мк

Здружение на граѓани за третман на лицата со Аутизам,

АДХД и Аспергеров синдром ВО МОЈОТ СВЕТ - Скопје.







Палешка РР -> RE: Повелете на хуманитарна дружба на Мама`с и Рингераја (17.12.2013 20:25:44)

Големо [sm=bravo.gif] за оваа хуманитарна акција.

Тука може да се направи и список на мамички кои ќе дојдат да се дружат со Мамас, Рингераја и Здружението Во мојот свет.

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Bethany -> RE: Повелете на хуманитарна дружба на Мама`с и Рингераја (17.12.2013 21:44:53)

Ја поздравувам акцијата и посакувам да биде успешна, исполнета со многу насмевки, стоплени срца, детска смеа...

Јас чекам додатно инфо во врска со донациите, како и со што може да учествуваме.
Знам дека се е добредојдено, ама сепак насоките околу потребите: дали се тоа храната, облеката ( машка, женска, која големина), школски прибор итн.

Јас, за жал, највероватно нема да присуствувам, ама сакам да допринесам и учествувам колку можам.





AnnaMolly RR -> RE: Повелете на хуманитарна дружба на Мама`с и Рингераја (17.12.2013 21:53:46)

Зарем може да се пропушти нешто вакво? Секако дека ќе дојдам!




vezilka RR -> RE: Повелете на хуманитарна дружба на Мама`с и Рингераја (18.12.2013 8:48:35)

Одлична акција. Ние доаѓамеееее!!




zzaa -> RE: Повелете на хуманитарна дружба на Мама`с и Рингераја (18.12.2013 15:00:16)

Доаѓаме и ние.




vezilka RR -> RE: Повелете на хуманитарна дружба на Мама`с и Рингераја (20.12.2013 16:16:34)

Ајде рингерајки пријавете се тука за дружбата утре. Да се видиме, да си помуабетиме..




Страница: [1]