Mami4ka -> Здрави навики за спиење (11.5.2009 23:39:11)
|
Луѓето кои спијат помалку од седум часа имаат три пати повеќе шанси за добивање на настинка отколку оние кои спијат осум часа или повеќе. Помалку сон,влијае на имунолошкиот систем и има директно психолошко влијание. Недоволната количина на сон не само што го зголемува ризикот од настинка туку и од хипертензија, од разни удари а лошо влијае и на емоционалната состојба. Колку часа е потребно за здрав сон? Зависи од особата.Нашата DNK диктира колку ни е потребен сон-но сите треба да спијат од 7 до 9 часа. Ако ноќе спиете седум часа и понатаму се чувствувате уморно веројатно ви е потребен уште сон. Пробајте две недели да спиете по осум часа и видете како ќе се чувствувате.Ако по две седмици и понатаму се чувствувате уморно значи треба повторно да го зголемите сонот на девет часа. Ако и по девет часа се чувствувате уморно,посетете лекар за да проверите дали патите од можно пореметување на сонот. Како да се развијат здрави навики за спиење? За почеток треба да одите исто време на спиење и исто време да се будите,но и викендите. Многу не го сваќаат тоа, дека не може да ги надокнадите непреспиените часови и спиејќи повеќе за викендот.Со тоа го пореметувате вашиот внатрешен сон. Потоа погрижете се вашаата спална соба да биде тивка и да е удобно место каде ќе можете да се опуштите.За да си дозволите пријатен сон без сметање од собата исфрлете ги непотребните електроники. Избегнувањето на алкохолот,цигарите и кафето исто така допринесуваат за квалитетен сон.
|
|
|
|