Snowhite RR -> RE: Моето дете ми дава сила да.... (26.9.2013 12:07:38)
|
Кога се породив со М, бев царски и не можев да се мрдам, ако нешто сакав да земам и на грешка се свртев како што не треба, не можев да се совземам од болки. Кога ќе ми го донесеа бебето, без да разсмилувам се вртев и го земав в раце и по неколку минути ќе се сетев дека сумго зела во раце, а ништо не сетив, никаква болка. Значи моето дете ми даваше сила да не ја чувствувам болката од операцијата и до ден денес двете деца ми даваат сила да издржам од сабајле до вечер да можам да ги завршам сите обврски и навечер откако ќе заспијаат да заспијам и јас задоволна и горда што ги имам А и ова, кога бев бремена со Ј, нормално гледав да не кревам, некогаш бев толку уморна да кренам и една чаша, ама кога М ќе ми речеше „мамо ме болат ножината не можам да одам“ не ми тешко да го носам во раце ако требаше цел пат
|
|
|
|