| 
				  Snowhite RR ->  RE: РР Кафемат  (17.9.2013 23:15:00)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				      ИЗВОРНА ПОРАКА:  Bethany RR      Ззаа, фала за кафето, по ова тмурно време, се чувствувам ептен поспано, па не е лошо кафе пак да се напијам. [sm=smiley1.gif]      Делукс, ај држам среќа и ти убаво да се подновиш. И јас се радувам за некој ден ќе треба да одиме во шопинг за синко.   Тоа е, секоја сезона мора да му се купува се одново, ајде само нека е жив и здрав. Те патики, те зимски обувки, те јакна, тоа покрупни работи, па кај се тренерките, дуксеви, бодиња итн. итн. итн. А сакам и второ, па плус и ако е женско, ајде ќе се провлече до некој месец со тие бебешките работи, ама понатаму, веќе треба и женски парчиња на облека , нели? [sm=smiley36.gif]          Ех Бетани и јас си сакав женско и сега ете морам и за неа женски алишта да купувам, додека беше бебе, по нешто од братчето носеше, додуша до 40 дена повеќе, после тоа сакав да си ја облекувам во женски работи и ептен некое парче во понеутралана боја и облекував од него, а со поклони што идеа сите носеа за поголема и сега еве залади а многу малку алишта има, ама па доста и пари и даваа, па ќе и купам што да правам, а и на М гледам се му е смалено, а оди во градинка ќе мора и за него, тоа е, само нека се живи и здрави   Една другарка ми даде од нејзината ќерка, ама ништо не облековме, зашто нејзиното е летно, а моето зимско дете и тие бебешките беа танки за во зима, а кога се затопли и беа мали    
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |