Студентски дом или стан под кирија (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Felly RR -> Студентски дом или стан под кирија (30.8.2013 21:22:49)

За оние што студирале во друг град, што беше вашиот избор - студенстски дом или стан/соба под кирија? А и ние кои студирале во сопствениот град, што сметате дека е подобар избор? Знаеме дека во студентските домови условите не се баш на завидно ниво, ама секоја година има голем број на студенти кои конкурираат, а еве оваа година дури 45 % со фалсификувани документи, како што прочитав на интернет. Не знам како е сега, ама додека јас студирав, баш добар бизнис се правеше со студентските легла, единствено студент од 4 година можеше да добие место во дом легално. Се надевам дека ова ќе се реши. Еве што пишува 24 вести:

„Министерството за образование ги засили контролите. Ќе се чешлаат и документите и директорите на студентските домови. Доколку под рака се обидат да дадат студентски кревет им се заканува отказ и високи парични казни.

За да стави ред во делењето на студенски соби, задолжително двапати годишно просветната инспекција ќе прави надзор во домовите и преку извештај ќе дава отчет пред Владата дали се почитувале новите законски решенија за студентски стандард, кои пред два дена добија зелено светло во собранието.“




mommy_angels RR -> RE: Студентски дом или стан под кирија (30.8.2013 22:28:38)

живеев во стан,арно ам многу мои блиски беа во студентски и затоа ова што го прочитав слатко ме изнасмеа.А на кого тоа ќе прават контроли??? Сами на себе или...? На нивните партиски војничиња?! Сите знаеме како се добива соба во студенски и најљубезно ги замолуваме господата да не се однесуваат со нас како да сме малоумни,имаме колку-толку мозоче. Колку само има веќе завршени студенти ,а живеат по домовите за поефтино,ама нели си имаа правилна членска книшка




Страница: [1]