Cipi Ripi -> RE: Сообраќајна култура (26.6.2013 21:42:39)
|
Одлична тема Фели! Еве вака, прво како човек возач, а потоа како инструктор ми смета непознавањето на основните правила на одреден тип на луѓе во сообраќајот. Според мене тоа се најчесто постарите баби и дедовци кои што кога положиле пред повеќе од 30 години, кога Скопје имало 1 главна улица и xxx споредни, кога имало 30 000 коли максимум, а сега има повеќе од 300 000! Значи да не се лажеме дека децава ја прават збрката во сообраќајот, старите ја прават, а најлошо од се е што таквите возат такси. Јас многу внимание посветував да ги објаснам на лице место правилата на кандидатите, сум излегувала од кола на сред раскрсница и сум покажувала, се сум правела само да ме сфати кандидатот, но реално секој почетник е различен, него му требаат мун 2 години да му влезе тоа во пракса, да функционира без размислување, бидејќи возењето одкога ќе се научи и навежба се смета потоа за механичка работа, и колку време и да не го правиш тоа, кога ќе седнеш пак после одредено време само ти доаѓа. Како пливање, како водење љубов....во таа категорија спаѓа и возењето. Според мене сообраќајната култура кај нас се премести во едно следно ниво, а тоа е кој прв да влезе а никој никого да не удри! Значи обратно од секој цивилизиран народ каде што се дава предност нели. Моментално одиме накај Египет, Каиро, каде што секој вози, никој никому не дава предност и никој не е удрен. Мислам дека од ова назад нема, ќе тераме вака..со Господ напред.
|
|
|
|