Felly RR -> Јунски реванш - Рингераја.мк сака победа!!! (5.6.2013 10:29:33)
|
Драги наши членови, дојде и времето за реванш - дали сте спремни уште еднаш да ја докажеме силата на нашата заедница и да ја издигнеме рингераја.мк на повисоко место. Од 10 до 14 јуни ќе има реванш на наградната игра ПРВИ МЕЃУ ЕДНАКВИТЕ. Затоа вежбајте брзи прсти и спремете се за лов, не на дрвца, туку на нешто послатко!!! Ќе има некои измени во правилата, кои се накратко објаснети подолу, а ќе бидат детално објавени во новиот правилник. - Поставување на повеќе исти коментари на албум, или дневник во краток период (значи со кликање без престан) нема повеќе да биде можно...Секое повеќекратно и непотребно коментирање не е дозволено и коментарите уредно ќе се бришат (со тоа се бришат и сите поени). Корисникот се опоменува еднаш, на истата следна грешка му следува бан за време на играта (не собира поени, не ги гледа дрвцата, а порталот може да го користи). - Натпреварот трае секој ден од 06:00 до 23:59 часот. - На страницата со регионални резултати ќе биде и табела со real-time податоци за бројот на активни членови, на секој од порталите. - Админот ќе има можност да брише теми/коментари на форумот, албуми/коментари и дневници/коментари. Секое бришење значи и бришење на сите поени, собрани на тие места. - Темите за chat , кои корисниците ги отвораат заради собирање на поени (на буквата, асоцијации и.т.н.) не се добредојдени и стриктно ќе се бришат (Правилник)
|
|
|
|