| 
				  Maca25 ->  RE: Конјунктивитис  (27.9.2010 1:01:48)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Нина си закачи коњуктивитис, најверојатно во градинка. Кај неа се работи за вирусен коњуктивит, прследен со јак секрет од носот ( леплив и зелен), слаба кашлица и едно око кое беше убавооо зафатено и кое беше целото во крв. Исто така и покачена температура 2 дена. Носето и течеше цела недела, мислевме дека не е ништо страшно, и ставав капки Аква марис бејби, но еден ден ја земаме од градинка и гледам дека едното окце и е малце зацрвенето. Ноќта качи 39.5 температура и што ќе видам - целото окце во крв, едвај го отвори, цело залепено и и течеа крвави солзи. Веднаш ја однесовме на клиника, од таму не препратија на 100 места,а никој не ја прегледа убаво. Сабајлето во 7 право кај матичната, во румунска болница, таа не прати на очно во румунска за да и го исчистат окцето, ама докторката воопшто не сакаше ни да ја погледне, само му рече на мм : Однеси го детето надвор, многу плаче, јас на мајката ќе и објаснам. Каква одвратна жена. И даде Тобрекс и тоа на секој саат да и ставаме по една капка. Но, не можев да се ослонам на мислењето на оваа жена и отидовме на очна клиника. Докторот кој ја прегледа дури и сакаше да не задржи во болница, се додека не се исчисти окцето, но поради вирусите кои постојат и кои би можела да ги добие решивме да останеме дома, а да доаѓаме на чистење само таму. Тој ни ги даде истите капки, со тоа што на 6 саати и се става по 1 капка, а не на секој саат, маст Тобрекс, антибиотик, капки за нос и 4-5 пати на ден исмивање до раствор со бетадине.    Денеска и е малце од малце подобро, модрото околу окото помина, секрет од окото нема, ама уште е целотот крваво. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |