| 
				  Палешка РР ->  RE: Благоја Ристески- Платнар  (5.3.2010 9:02:58)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Ете и тоа ми се здаде:   Видов анѓел!    Не еден, туку два анѓела, два серафима свидни, две суштества од сверите горни, етерични, две повесма твар нам непозната, опису недостапна, малуможна.Но сепак: Беа како што ништо дотогаш не било, окото не го населило,наполно провидни, ама јасно видни, во обличје човечко, а човеку неподобни. Кога се укажаа беше како отсекогаш тука да биле, кога исчезнаа со себе ја однесоа и претставата за нив...       (исечок од колумната "Љубовниците") 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |